Спорт
Фил Фоден играч на годината во Англија
Фудбалерот на Манчестер Сити и англиски репрезентативец Фил Фоден ја доби наградата за најдобар играч во Англија за 2024 година.
Ова ласкаво признание го доби од „Здружението на професионални фудбалери“ на Англија.
Фоден на свечената церемонија се појави во друштво на својата поубава половина и синот Рони, со кои ја сподели радоста на признанието.
„Посебна благодарност му должам на Пеп Гвардиола, на сите тренери во Манчестер Сити и на моите соиграчи кои ми помогнаа да бидам подобар секој ден“, изјави Фоден при добивањето на наградата.
Фудбалерите на Манчестер Сити освоија четири од последните пет награди за играч на годината.
Фоден ги комплетираше сите индивидуални награди во 2024 година, бидејќи претходно беше прогласен за најдобар играч на Премиер лигата во сезоната 2023/2024 и во изборот на новинарите во Англија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Благоја Милевски повеќе не е селектор на Македонија
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на националниот тим, Благоја Милевски, чиј мандат истече на 30 ноември.
Во својот мандат на клупата, од 1. август 2021 година, Милевски ја предводеше Македонија на 48 натпревари. Под негово водство, репрезентацијата забележа 18 победи, 14 нерешени и 16 порази. Во овој период, Македонија успеа да избори два бараж дуели за пласман на Светско првенство, заврши како првопласирана во Ц сегментот од Лигата на нации и обезбеди настап во Б дивизијата во следното издание на натпреварувањето.
Фудбалската федерација на Македонија упатува искрена благодарност до селекторот Благоја Милевски и неговиот стручен штаб за посветената работа, професионалната соработка и постигнатите резултати.
„Управниот одбор на ФФМ смета дека на македонската репрезентација ѝ е потребна нова енергија и поинаков мотив за претстојните предизвици што ја очекуваат нашата национална селекција. Веруваме дека со нов стручeн тим ќе се внесе „нов ветер“ во работата на тимот, кој ќе овозможи уште поголема конкурентност и амбиција во натпреварите на Македонија.
ФФМ останува целосно посветена на создавање најдобри можни услови за работа, како и на обезбедување максимална поддршка за репрезентацијата. Досегашната соработка со стручниот штаб предводен од Милевски беше на високо професионално ниво и ја цениме нивната посветеност и односот кон репрезентацијата. Остануваме подготвени со истата посветеност, да ги поддржиме идните планови и предизвици на македонската А репрезентација“, соопшти ФФМ.
Управниот одбор на ФФМ најдоцна до 25. декември 2025 година ќе донесе одлука за назначување на нов селектор.
Foto/ EPA
Спорт
Антонели добил над 1.000 заканувачки пораки по обвинувањата од Хелмут Марко
Советникот во Ф1 тимот, Ред Бул, Хелмут Марко, јавно го обвини возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, дека намерно дозволил да биде престигнат од Ландо Норис на Големата награда на Катар. Ова обвинување на тинејџерот му ги нарави „пекол“ изминатите 24 часа. Антонели, како што објави неговиот тим, Мерцедес, добил над 1.000 сериозни закани.
Италијанскиот возач направи грешка, во претпоследниот круг од претпоследната трка во сезоната, влезе широко во еден свиок, што му овозможи на Норис да ја освои четвртата позиција и да освои два дополнителни вредни бода.
Макс Ферстапен во автомобилот на Ред Бул ја однесе победата на патеката „Лусаил“, пред вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, и Карлос Саинц од Вилијамс.
По трката, Норис има 12 бода повеќе од актуелниот шампион и 16 повеќе од својот тимски колега, во пресрет на последната трка во сезоната.
Веднаш по завршувањето на трката, тркачкиот инженер Ферстапен, Џанпјеро Ламбиасе, му кажа на Холанѓанецот преку радио дека Антонели го пуштил Норис, а потоа Марко изјави дека е јасно дека Италијанецот се трнал од патеката. Овие коментари предизвикаа неприфатливи навреди на социјалните мрежи, поради што Антонели својата профилна слика на Инстаграм, ја обои во црно.
Потоа Марко призна дека згрешич и се извини за навредите и заканите што ги претрпе Антонели.
„Го гледав видеото повторно. Во првиот случај, Антонели можеше да се одбрани малку подобро од Пјастри, а во вториот случај тоа беше грешка при возењето, која не беше намерна. Жал ми е што Антонели беше цел на навреди, но дозволете ми повторно да разјаснам – тој не го пушти намерно Норис“, рече Марко.
Некои извори посочуваат дека Антонели добил над 1.000 закани на социјалните мрежи, а дека уште околу 300 стигнале до Мерцедес.
Овогодинешното првенство во Формула 1 завршува претстојниот викенд со Големата награда на Абу Даби.
Foto/ EPA
Спорт
Манчестер сити сака во јануари да ја активира клаузулата во договорот на Семењо
Ливерпул доби сериозен конкурент во трката по потписот на Антоан Семењо. Како што објавија англиските медиуми, челниците на Манчестер Сити сериозно ја разгледувале опцијата да ја активираат откупната клаузула на Семењо од 65.000.000 фунти во зимскиот преоден рок.
Медиумите, во Англија, особено оние што ги следат сосотојбите на „Етихад“, тврдат дека Гвардиола бил убден дека со Семењо во тимот ќе може сериозно да му се спротивстави на Арсенал во борбата за титулата.
Исто така е јасно дека, доколку Семењо се пресели во Сити дека еден или двајца играчи ќе мора да го напуштат тимот.
На десно крило Гвардиола го има Савињо, кој стагнира откако дојде во Сити, а на таа позиција мпожта да играат Омар Мармуш, Рајан Шерки ова лето, Бернардо Силва, а дури и Фил Фоден.
Савињо сигурно има најголеми шанси да си замине, кој не се наметна и не ги оправда очекувањата дури ни во новата сезона, а беше сериозно поврзуван со Тотенхем во летниот преоден рок.
Семењо е на мета на Ливерпул, кој сака да го засили нападот и бара долгорочна замена за Мохамед Салах, кој речиси сигурно ја игра својата последна сезона на „Енфилд“.
Семењо експлодираше на почетокот од оваа сезона со шест гола, но потоа западна во мини-криза и не постигна гол во пет натпревари. Последниот, или последните два го постигна против Фулам на 3 октомври во победа од 3:1.
Тој пристигна во Борнмут во јануари 2023 година од Бристол Сити за само 10.000.000 евра.
Foto/ EPA

