Спорт
(Видео) Роберто Карлос: Модриќ е подобар од Зидан, Роналдо…

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Роберто Карлос, во интервју за „Страница 443“, добил задача да ги рангира легендите на Реал од првото до петтото место. Тоа е популарен предизвик на социјалните мрежи во кој човек не знае кои имиња ќе ги добие, па мора напамет да го направи редоследот.
Карлос ги доби Зинедин Зидан, Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Роналдо Назарио, познат и како вистинскиот Роналдо, а на спиското беше и неговото име.
Во таквиот избор на легенди, Карлос реши на прво место да го стави Лука Модриќ. Втор беше Кристијано Роналдо, трет Зидан, четврти Бразилецот Роналдо. Карлос се стави на последното, петто место.
51-годишниот Роберто Карлос денеска работи како амбасадор на Реал Мадрид. Има кратка и не многу успешна тренерска кариера во Турција. Тој ги водеше Сиваспор и Акисарспор. Во својата кариера мина 11 години во Реал, постигна 70 гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Матиќ: Велат дека Влаховиќ е најдобар српски играч – фудбалот во Србија беше на повисоко ниво

Српскиот фудбалер Немања Матиќ зборуваше за италијанските медиуми за сонародникот, напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ.
Искусниот играч од средниот ред се врати во Италија ова лето и го засили тимот на Сасуоло. Претходно во Серија А го носеше дресот на Рома.
Бидејќи напаѓачот на Јувентус е една од главните теми на тамошните новинари, прашањето за Влаховиќ беше логично.
Во изјава за италијанскиот „Скај Спорт“, тој истакна дека напаѓачот на „старата дама“ се издвојува како најдобар српски фудбалер во моментов.
„Никогаш не играв со него бидејќи ја напуштив репрезентацијата пред седум, осум години, но сите велат дека тој е најдобриот српски фудбалер во моментов. Фудбалот во Србија е различен сега во споредба со периодот од пред 10, 15 години, кога генерално бевме на повисоко ниво“, рече Матиќ.
Немања Матиќ се осврна на денешната младина. Имаше што да им порача.
„Новите генерации играат премногу „PlayStation“, има толку многу работи надвор од фудбалот, како што се социјалните мрежи, активностите со навивачите, премногу работи што го одвлекуваат вниманието. Потешко е да им се помогне на младите луѓе, сите тие сакаат да ги имитираат Роналдо и Меси“, заклучи Матиќ.
Влаховиќ сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата по оваа сезона, бидејќи неговиот договор истекува на крајот од сезоната.
Оваа сезона, во осум натпревари, но само 255 минути, тој постигна четири гола и додаде една асистенција.
Спорт
Баерн го контактирал менаџерот на Гуехи

Марк Гуехи ги договори сите услови со Ливерпул, но Кристал Палас го запре неговиот трансфер, на истекот на летниот преоден рок. Палас реши да го стопира трансферот на капитенот, бидејќи не успеа да најде соодветна замена.
Марк Гуехи влезе во последната година од договорот со Кристал Палас. Јасно е дека откако му пропадна трансферот во Ливерпул, дека тој наредното лето без обесштетување ќе замине од клубот.
Германскиот инсајдер, новинар на „Билд“, Флоријан Плетенберг денес откри дека Баерн Минхен презема конкретни чекори и дека Баварците сериозно се заинтересирани за англискиот репрезентативец.
Тој тврди дека спортскиот директор Макс Еберл е голем обожавател на англискиот стопер и дека имал почетни разговори со неговите менаџери. Сепак, многу зависи и од епилогот со Упамекано, кој е исто така во последната година од договорот со Баерн и засега има превисоки барања.
Исто така, Флоријан Плетенберг додава дека Англичанецот е внимателно следен од шпанските гиганти – Реал Мадрид и Барселона, и дека Гвеј нема ништо потпишано со Ливерпул.
„Црвените“ сè уште чекаат, веруваат дека Гуехи на крајот ќе го одржи зборот и ќе потпише за Ливерпул како слободен агент.
Спорт
Канаваро нов селектор на Узбекистан

Фабио Канаваро е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Узбекистан, објави Фудбалската федерација на Узбекистан.
Канаваро потпиша договор со ФС Узбекистан во Ташкент, но деталите не беа откриени. Во соопштението се наведува дека Канаваро ќе ја предводи репрезентацијата на оваа земја на претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи во 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Италијанскиот стручњак го замени Тимур Кападзе на функцијата селектор на Узбекистан.
Во тренерскиот штаб на Канаваро ќе бидат Еугенио Албарела, Франческо Троазе и Антонио Кименти.
Во јуни, фудбалската репрезентација на Узбекистан се квалификуваше за Светското првенство за прв пат во историјата.
Канаваро претходно ги тренираше Динамо Загреб, Удинезе, Беневенто, Гуангжу, Тјанџин, Ал Наср и кинеската репрезентација.