Македонија
„Вреди“: ДУИ ги жртвува Албанците за да се спаси од кривична одговорност
ДУИ индиректно призна дека со сите сили и инсталации се труди да ја опструира работата на новата Влада само за да се спаси од кривична одговорност и да го заштити нелегално стекнатиот имот, велат од „Вреди“.
“Мувлата на ДУИ” не се достоинствените и чесните Албанци во администрацијата, туку нивните заслепени партиски војници на кои поважно им е криминализираното раководство во Мала Речица отколку правдата и функционирањето на системот. Синоним за “мувлата на ДУИ” е срамната спогодба на Иџет Мемети со “Абазиското обвинителство” за да добие условна казна за примање поткуп за олеснување на постапката за лице обвинето за шверц на цигари.
Синоним за “мувлата на ДУИ” е да издејствуваш три правни акти за да го принудиш правосудниот систем да екстрадира поранешен борец на УЧК во Србија, пред да се изјасни Врховниот Суд, само за да предизвикаш тензии и да ги обвиниш „Вреди.
Синоним за “мувлата на ДУИ” е да најавуваш дека ќе го напушти ЗЕЛС наводно заради дискриминација на општините кои ги водат нивни градоначалници, а да нема доблест, чест и образ да се оградиш од Рамиз Мерко затоа што е ставен на црната листа на САД“, истакнуваат во реакцијата.
Според нив, ваквото деструктивно однесување на ДУИ е препознаено од мнозинството Албанци и ќе биде жестоко казнето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

