Скопје
Очекувавме седница, но се закажа само затворена координација со градоначалничката, се жалат советниците во Град Скопје обвинети дека ја кочат Арсовска
Кога станува збор за интересите на граѓаните, особено во делот на јавна чистота, комунална хигиена и јавни претпријатија, сите одлуки сме ги поддржувале бидејќи сме тука за да им излеземе во пресрет на граѓаните и да овозможиме подобар живот за оние што ги користат јавните услуги во градот Скопје, вели Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје
„Очекувам дека до советниците на оваа координативна средба ќе биде предложен определен совет што како план треба понатаму да се изгласа. Ние остануваме конструктивни и во делот на прифаќањето предлози, давање определени наши сугестии и за тоа како може да се подобрат состојбите исто така како што во претходните две години сме одлучувале, сме давале свои ставови и размислувања во предлог-одлуки што биле давани од страна на градоначалничката Арсовска зашто сме ги гласале и поддржувале, но исто така сме имале и став зашто некои одлуки не сме ги поддржале“, посочува координаторот на советничката група на Град Скопје и додава:
„Јас правев една споредба, во 2021 година кога Советот го изгласа буџетот на Град Скопје за 2022 година, паралелено на тоа се изгласале и сите програми. Тогаш во 2023 година некои од програмите не се гласаат, а оваа година сме гласале само за неколку програми, не се изгласани програмите за јавен превоз, локален превоз на патници, не се изгласани ниту некои од активностите во јавната чистота, паркови и зеленило, генерално, јавните претпријатија треба да работат врз основа на изгласани програми од страна на Советот. За жал, иако сме имале определени забелешки, не сме сакале да бидеме кочничари на процесот, сме давале позитивно мислење и позитивна одлука за определени програми, но програмите за фукционирањето на јавните претпријатија не добија доволен број гласови, односно нема мнозинство од Советот на Град Скопје за да бидат изгласани“.
Мартин Стојановски, координатор на советничката група на Град Скопје, вели дека денеска се свикани како координаторите на советничките групи од страна на градоначалничката Арсовска во врска со разгледување на предлозите за проектите што таа ќе ги понуди и за програмите, особено за решенија за комуналната хигиена, но и за неколку други претпријатија.
„Жалам што очекувавме да имаме седница, но видовте дека имаме една затворена координација, која, според мене, требаше да биде јавна, но со големо жалење кажувам дека ќе биде затворена. Се надевам дека во иднина ваквите координации ќе бидат отворени за јавноста за граѓаните да имаат можност да видат за што точно се работи, да ги слушнат аргументите и на советничките групи и на градоначалничката, секако, од другата страна“, вели тој и додава:
„Се надевам дека ќе бидат прифатени понудените одлуки доколу бидат издржани затоа што навистина како советници, не само ние, гледате дека градоначалничката, која тврди дека програмите не ѝ се изгласани, се изгласани, за оние што се изгласани, се изгласани со мнозинство, за оние што не се изгласани, како за новите автобуси, проаѓаат само со 6-7 гласа и значи дека не само советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, туку и другите советнички групи не ги гласаат“, изјави Мартин Стојановски, координатор на советничката група на Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Партијата Левица со иницијатива во Град Скопје за чекор кон енергетска независност и крај на скапата струја
„Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори“, известуваат од Левица.
„Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов плаќаат огромни износи за струја.
Наместо средствата да се трошат на комунални услуги, инфраструктура и подобар јавен превоз, тие завршуваат во надворешни снабдувачи.
Со ова решение, Градот ќе може сам да произведува дел од потребната електрична енергија, да ги снабдува своите институции по минимални цени и да продава вишок на пазарот, со што ќе обезбеди нови приходи.
Ова е стратешки проект кој обезбедува долгорочна стабилност и независност, а не краткорочна мерка.
Градот има огромен неискористен потенцијал, кровови, објекти и локации каде може да се развијат фотоволтаични централи и системи за складирање енергија.
Затоа очекуваме мнозинството во Советот, предводено од ВМРО–ДПМНЕ, да ја поддржи иницијативата ако навистина им е приоритет јавниот интерес. Ова не е партиска идеја, ова е решение кое му користи на целиот град.
Одбивањето на оваа иницијатива би значело дека некој става политички интерес пред интересот на скопјани, и дека не се сака долгорочно решение за намалување на трошоците, модернизација и енергетска независност.
Левица ќе продолжи да предлага системски и развојни проекти со кои Градот ќе стане финансиски постабилен, енергетски ефикасен и поеколошки“, се наведува во соопштението на Левица.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

