Македонија
Презентирано богатството на традиционалната култура во Кривопаланечко

Кривопаланечкиот крај е познат по својата богата традиционална култура, која претставува важен дел од етнолошкото и културно наследство на регионот, беше истакнато на предавањето „Традиционалната култура во Кривоаланечко“, што се одржа во рамките на Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, чиј организатор е НУ Центар за култура, со поддршка на Општина Крива Паланка.
Професорите од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Зоранчо Малинов, Родна Величковска и Стојанче Костов, се осврнаа на спецификите на традиционалните носии и празничната обредност во контекст на етимолошкиот термин славиште, потоа на етномузиколошките карактеристики, пред сѐ, обредното пеење, како и карактеристиките на ората во Кривопаланечко и пошироко.
„Кривопаланечко е дел од поширокиот шопски крај, кој се протега во Македонија, Бугарија и Србија. На македонската територија овој крај опфаќа области, како што се Крива Паланка, Кратовско, Козјачијата, Пијанец, Малешевијата, па сѐ до Струмичко Поле. Овие региони се познати по специфичниот дијалект, носии и обреди, кои се претставуваат и истражуваат од разни аспекти“, истакна Малинов.
Тој нагласи дека кривопаланечкиот крај има доста развиена традиционална култура и дека во 80-тите години од минатиот век се вршени истражувања од страна на Институтот за фолклор за кои се прават напорите заедно со Центарот за култура и локалниот музеј во Крива Паланка да се документираат и презентираат пред јавноста.
Покрај ова предавање, беше одржан и мастер-клас за културното наследство на Крива Паланка и околината, со наслов „На Јаким“, со етнокореологот Бојан Петковски, каде што беа презентирани вредни информации за културатабна облекување и за разликите од западниот и источниот дел на славиште, со посебен осврт на карактеристиките на етничкиот предел Дурачка Река. Пред многубројната публика во киносалата на НУ Центар за култура беше прикажана и филмуваната реконструкција „Не плети, Лесо“,посветена на обичајната култура и носијата на Дурачка Река.
Сите овие активности се насочени кон зачувување и промоција на уникатните аспекти на традиционалната култура во Кривопаланечко и се дел од Фолклорниот фестивал и манифестацијата „Крива Паланка – град на културата 2024“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.
Македонија
Не се глупирајте, му порача Арсовска на Изет Меџити

Кажете колку пари земавте за нелегалните објекти и не се глупирајте, му порача градоначалничката Данела Арсовска на вицепремиерот, Изет Меџити, кој претходно денес и’ најави кривична пријава.
Меџити ја нарече Арсовска инструмент за остварување на планот на ДУИ за дестабилизација преку општините, на што градоначалничката реагираше преку Фејсбук статус попладнево.
„Изет изјавил дека ќе сум ја дестабилизирала државата. Изет, единствена дестабилизација од мене ќе добиете ти и твојот измеќар Висар што ти ги потпишувал незаконските дивоградби за кои луѓе ви платиле милиони евра, а сте ги лажеле дека ќе можат да ги легализираат. Не се глупирајте, ви ја знаеме играта, ви ги знаеме лагите, знаеме кога се обидувате да манипулирате со јавноста и да ја дефокусирате. Како тоа секогаш кога некој ќе ви чепне во криминалот тоа е „обид за дестабилизација“? Каква е таа матрица на ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ВЛЕН? Секогаш кога се во тесно, кога флагрантно се фатени со „рачињата во медот“, тоа било обид за дестабилизација. Каква дестабилизација? Што ќе се дестабилизира? Ќе ви кажам јас што. Единствено нешто што ќе се дестабилизира од откривањето на криминалот со дивоградбите во Чаир е вашата комоција и прилив на нелегални пари. Тоа ќе биде дестабилизирано. Кажете колку пари земавте за нелегалните објекти, не се глупирајте“, напиша Арсовска.
Меџити претходно ѝ порача на Арсовска да се занимава со своите надлежности и најави и пријава против неа за, како што рече, лажни тврдења во врска со објектот во Чаир пред кој се сликала и го објавила. Меџити овој случај го квалификува како „последен обид и план на Ахмети за дестабилизација преку општините“.