Спорт
Арсенал нуди 100 милиони за Осимен

Виктор Осимен би можел (конечно) да се пресели во Арсенал за 100 милиони евра.
Долго време траает шпекулациите дека Осимено ќе го напушти Наполи. Нигериецот, според медиумите во Италија, побарал трансфер. Прашање е само дали трансферот ќе биде реализиран до крајот на преодниот рок.
„Кориере дело Спорт“ тврди дека Арсенал е подготвен да плати дури 100 милиони евра за 25-годишниот Нигериец.
Во трка за потписот на Нигериецот покрај Арсенал се и Челси и Пари Сен Жермен, но моменталниот впечаток е дека најконкретни се топџиите. .
Осимен го продолжи договорот во декември 2023 година и во него има излезна клаузула од 130 милиони евра, која барем засега никој не е подготвен да ја плати.
Нигерискиот напаѓач минатата сезона имаше многу проблеми со повреди, а сезоната во Серија А ја заврши со 15 голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Торино сака да го задржи Елмас

Првиот човек на Торино, Урбано Каиро, сериозно размислува да го откуши договорот на Елиф Елмас од Лајпциг.
Македонскиот репрезентативец во Торино пристигна од Лајпциг во јануари на поозајмица, со можност да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната.
Елмас досега одигра седум натпревари, постигна четири гола. Вчера беше стрелец во ремито 1:1 против Верона.
„Елмас? Ремек-дело е голот против Верона. Среќни сме што е тука, ќе се обидеме да го задржиме. Во овој момент не сме размислувале, ова прашање ќе го решаваме по крајот на сезоната“, изјави Каиро.
Кога потпиша за Торино, клубот доби опција по завршувањето на сезоната да го откупи од Лајпциг за 17 милиони евра.
Спорт
Сити нуди 275 милиони евра за Јамал

Манчестер сити планира да испрати понуда за Ламин Јамал со која би го соборил светскиот рекорд, пишува шпански „Фихаес“. Понудата би требало да изнесува 275 милиони евра, со што овој трансфер би бил најголем во историјата на фудбалот доколку Барселона била заинтересирана да го продаде најголемиот талент.
Иако има само 17 години, Јамал плени сите со своите вештини, визија и способност да направи разлика на теренот. Неговиот талент го привлече вниманието на најголемите светски клубови, а сега Манчестер сити изгледа подготвен да инвестира рекордна сума за да го обезбеди неговиот потпис.
Иако е тешко да се поверува дека Барселона би го пуштила токму така, финансиската понуда ги става Каталонците во тешка ситуација. Клубот веќе работи на продолжување на неговиот договор, бидејќи истиот трае до јуни 2026 година.
„Моментално се потпираат на неговата откупна клаузула од една милијарда евра. Преговорите би можеле да бидат долги, но вистината е дека неговата иднина останува неизвесна, а интересот на големите клубови како Манчестер сити може да го забрза целиот процес“, вели „Фихаес“.
Спорт
Напредуваат преговорите помеѓу Ливерпул и Ван Дајк

Ливерпул е на прагот да ја освои титулата во Премиер лигата, но паралелно со тоа се водат преговори околу нови договори со клучните играчи, Мохамед Салах и капитенот Вирџил ван Дајк.
Холанѓанецот, по вчерашниот меч со Фулам, кој Ливерпул го загуби со 3:2, откри дека има напредок во преговорите со клубот.
„Напредок има, но не знам дали ќе останам, ќе видиме. Тоа не го менува фактот дека го сакам клубот, ги сакам навивачите и едвај ја чекам неделата кога Вест Хем ќе дојде кај нас и сакам да ги израдувам навивачите“, изјави Ван Дијк.
На седум кола до крајот, Ливерпул има 11 бода повеќе од второпласираниот Арсенал.