Спорт
(Видео) Пајакови мрежи, мотори, огномет – Атлетико ги претстави засилувањата

Атлетико Мадрид донесе четири сериозни засилувања за 183 милиони евра. На „Метрополитано“ пристигнаа Хулијан Алварез, Конор Галагер, Робин ле Норманд и Александер Серлот. На навивачите им ги претстави на спектакуларен начин.
На промоцијата имаше сè – холограми, ласери, виолини, мотори и гласна музика.
Пред околу 30.000 фанови, најпрвин Ле Норман и Серлот излегоа на теренот, а потоа следеше целосен спектакл. Од звучниците ечеше кулниот хит на „Gans n’ Rouses“ и „Welcome to the jungle“, додека Конор Галагер излезе на во придружба на моторџии.
Conor Gallagher’s presentation at the Metropolitano for Atletico Madrid
Nah this is mad 😭🔥 pic.twitter.com/Ni3OVdAeGT
— svint (@svintfc) August 21, 2024
Подготвен беше и Англичанецот, ги поздрави навивачите со две реченици на шпански.
А потоа холограмите од пајажина направија увертира за Хулијан Алварез да излезе на теренот.
🕸️❤️🤍 pic.twitter.com/S2CZ4H1xzk
— Atlético de Madrid (@Atleti) August 22, 2024
Атлетико ја искористи оваа прилика да претстави засилувања за женскиот тим, а на крајот иницијацијата на засилувањата заврши со тоа што сите мораа да скокаат и да пеат: „кој не скока, навива за Реал“.
Who doesn’t jump is a madridista hey hey.
⚪️🔴 pic.twitter.com/RssU0wbT71
— ATLETI MAN🇦🇱 (@s_arbenis) August 21, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алаба (повторно) се повреди

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, повторно е повреден.
Австриецот има проблем со повредите од декември 2023 година, кога го повреди коленото и беше надвор од игра една година.
Потоа, по враќањето, имаше бројни проблеми со мускулите, што е случај и сега.
Алаба доби шанса против Хетафе, но си одигра само едно полувреме поради болки во мускулите. Денешните тестови покажале дека мора да направи кратка пауза.
Медиумите од Мадрид пишуваат дека е очигледно, дека Алаба не може да се врати во вистинската форма и дека оваа повреда е уште една потврда дека за него нема место за следната сезона.
Тој е во последната година од договорот и ја има втората најголема плата, бидејќи пристигна како слободен агент, па Реал нема намера да му понуди нов договор.
Освен него, за претстојното „Ел Класико“ ќе недостасуваат и Антонио Ридигер, Дани Карвахал, додека Дин Хаусен е знак прашалник.
Натпреварот Раел Мадрид – Барселона е закажан за недела во 16:15 часот.
Спорт
Шон Дајч официјално ги презеде „шумарите“

Нотингем Форест го назначи поранешниот менаџер на Барнли и Евертон за свој нов главен тренер. Шон Дајч (54) го наследи Ангелос Постекоглу во Форест, кој беше отпуштен пред неколку дена по скромните резултати оваа сезона. Дајч потпиша договор со „шумарите“ до 2027 година.
Шон Дајч е третиот тренер кој ќе го предводи Нотингем Форест од стартот на сезоната.
Постекоглу беше отпуштен по само 39 дена, а последната капка беше поразот од Челзи со 3:0 на „Сити Граунд“. Со само 4 освоени бода од првите шест кола, тоа беше најлошиот почеток на сезоната во историјата на Нотингем ако зборуваме за Премиер лигата. Пред Постекоглу, отказ доби Нуно Еспирито Санто, тој замина поради несогласувањата со сопственикот на клубот.
Поранешниот менаџер на Барнли, Евертон и Вотфорд ќе има шанса да дебитира за својот нов клуб во четврток кога ќе се соочат со Порто во Лига Европа.
Спорт
Почнува 80. сезона во НБА-лигата

Во ноќта меѓу 21 и 22 октомври ќе започне 80-та сезона во НБА лигата. Шампионатото ќе го отворат актуелните шампиони Оклахома против Хјустон, засилен со Кевин Дурант, а нешто подоцна ќе се сретнат Голден стејт Вориорс и Лос Анџелес Лејкерс.
Првиот дел од 80-та МНА сезона ќе биде на програмата до 12 април, а во меѓувреме ќе се игра и НБА Купот. Започнува за десет дена и ќе трае до средината на декември.
Ол-стар натпреварот ќе се игра на 15 февруари во Инглвуд, Калифорнија, во салата на Лос Анџелес Клиперс.
Плеј-инот и плеј-офот започнуваат кон средината на април, а доколку финалната серија се игра во седум натпревари, шампионот ќе биде познат на 21 јуни 2026 година.