Македонија
Петровска: Целосно размонтирање на случајот за убиството пред „Мавровка“ – МВР криеше кои се убијците
Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка, Славјанка Петровска вели дека е потребно целосно размонтирање на убиството кое деновиве се случи кај „Мавровка“.
„Кога Мицковски зборува за политички глодари, треба да се потсети на неговите некрофилски изјави во минатото. А сега да потсетиме на фактите за осомничените за убиството кај Мавровка.
Убиството се случува на 20.08.2024 година, во сред бел ден, во центарот на Скопје. МВР соопштува дека еден осомничен е уапсен, се трага по вториот кој е во бегство. Имиња ниту пак иницијали нема.
Ова е крајно невообичаено затоа МВР секогаш соопштува имиња или барем иницијали на приведените.
Особено ако трага по опасен, вооружен криминалец, зарем не чувствуваа одговорност кон граѓаните да ги предупредат за лицето кое е вооружено и бега!?
На 21.08.2024, 24 часа по убиството при мој телевиски настап поставувам прашање: Зошто иницијалите на приведениот и оној по кој се трага се кријат?
Дали е тоа можеби затоа што двајцата се затвореници, кои се избегани од затвор и го сториле убиството?
Одговор од МВР нема.
После нов 24 часовен молк, и притисок од новинарите МВР срамежливо, но потврдно одговара на моето прашање.
Денес, Премиерот на хартија, зошто појма нема што му се случува во државата, на оваа тема вели: да, избегани се, ама во време на СДСМ.
Ајде вака Премиерче на хартија: на 28 јануари 2024 година, е избрана нова Влада, во која по предлог на ДПМНЕ, министер за внатрешни работи е Панче Тошковски, партиски адвокат и претседател на комисијата за правни прашања на ДПМНЕ( патем и пишувач на партискиот статут на ДПМНЕ во кој името на државата е избришано)
Истиот тој, тогаш и сегашен министер за внатрешни работи потпишува повеќе од 100тина решенија за распоредување на полициски службеници, меѓу кои и раководни лица согласно неговите убедувања. Па така началникот на СВР Скопје, кој да потсетам е задолжен за редот, мирот и безбедноста во градот Скопје е негов избор, не на СДСМ.
Е сега, кога има бегство од затвор, на сила стапува МВР, тие распишуваат потерница и имаат законска обврска за пронаоѓање на бегалецот.
Кој е министер за внатрешни работи? Панче Тошковски. Кој го предалага него? Мицковски и ДПМНЕ. Што не ти е јасно тука?
Одиме на вториот бегалец. Тој бега во месец јули, кога Министер за внатрешни е Панче Тошковски, а директор на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов. Целата структура во МВР е променета по налог на Панче Тошковски.
Повеќе од 30 дена и овој затвореник е во бегство и МВР не го наоѓа.
Е сега имам нови прашања:
МВР знаеле уште од април, односно јули месец дека двајцата затвореници се во бегство. Но, исто така знаеле и за каков профил на криминалци станува збор. Имено, од нивните досиеа и претходни дела знаеле дека се опасни, секогаш вооружени, корисници на наркотични средства и често агресивни и насилни.
Знаејќи го ова, прашувам кои се оперативни активности биле превземени од денот на нивното бегство до кобниот ден на убиство на невин човек?
Колку пати биле проверени куќите и објектите за кои МВР од претходно имало оперативни сознанија дека тие ги користат. Дали биле применети посебно истражни мерки над нив и над членовите на нивните семејства?
И конечно, како способните началници на Панче и МВРО дозволија овие опасни криминалци во сред бел да дојдат во центарот на градот и да извршат убиство? “, пишува Петровска.
Колку за споредба, како што вели, во време на СДСМ еден од овие затвореници беше успешно вратен во затвор, без во меѓувреме да стори убиство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.
Македонија
Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација
Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација.
Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција за нивно безбедно враќање, наведуваат од МНР.
– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи, велат од Министерството.
Поради ситуацијата на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија од вчера функционира кризен штаб кој е на 24 часовно располагање на граѓаните за сите информации.
За дополнителни информации и помош, на располагање се:
СОС дежурен телефон (МНРНТ):
075/273-732
Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546.
Македонија
Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше на можност за самоубиство од страна на малолетен корисник.
Полицијата веднаш ги презеде сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето, кое за кратко време беше пронајдено. Малолетникот е во добра состојба, а родителите се известени и запознаени со понатамошните чекори за негово ментално здравје.
Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Родителите треба редовно да комуницираат со своите деца, да се интересираат за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат веднаш при забележување загрижувачки објави или несвојствено однесување – апелираат од Секторот за компјутерски криминал.
Апел е упатен и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на платформата или да известат родител, наставник или најблиска полициска станица.
-Навремената реакција може да спаси човечки живот. Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи со засилени активности за рано откривање и превенција на ризични појави во дигиталниот простор, велат од МВР.

