Контакт

Европа

Детали за нападот во Солинген: По случаен избор ги избодел жртвите во врат

Објавено пред

Три лица загинаа, а пет се тешко повредени синоќа во напад со нож во градот Солинген во западна Германија. Полицијата презеде „голема операција за пронаоѓање на осомничениот, кој побегнал во метежот и паниката што настана по злосторството“. Според извештаите на медиумите, маж по случаен избор ги избодел минувачите на фестивалот на прославата на 650-годишнината на градот.

dobivaj vesti na viber

Локалниот весник Solinger Tageblatt објави дека три лица загинале, а најмалку девет се повредени, од кои неколку се животна опасност. По нападот, градот Солинген целосно ја откажа прославата на 650-годишнината. Настаните планирани за викендот исто така се откажани, соопштија од градот.

Инцидентот се случил на Фронхоф, пазар во центарот на градот, каде што била поставена музичка сцена. Билд објави дека човекот по случаен избор ги избодел случајните минувачи за време на фестивалот на годишнината на градот.

Властите побараа од жителите да го напуштат центарот на градот по нападот. Полицијата прогласи тревога и повика на потера. Вооружени полицајци беа на лице место и опколија големи области на градот. Поставени се и бариери низ градот.

На терен се и специјалните полициски единици од целиот регион Северна Рајна-Вестфалија. Солинген има околу 160.000 жители.

Се наоѓа во близина на поголемите градови Келн и Дизелдорф во најнаселената германска провинција.

Европа

Земјотрес ја погоди Италија

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторник на 1 април 2025 година во 03:30 часот во Италија.

dobivaj vesti na viber

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 6 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Прикажи повеќе...

Европа

Од утре нови правила за Европејците за влез во Обединетото Кралство

Објавено пред

На европските граѓани кои патуваат во Обединетото Кралство од утре ќе им треба дигитална пропусница за да влезат во земјата, што според британската влада ќе ја зајакне безбедноста на границите.

dobivaj vesti na viber

Електронското овластување за патување (ЕТА) може да се купи онлајн за 10 фунти (12 евра) во наредните денови, а од 9 април цената ќе се зголеми на 16 фунти (19 евра).

Дозволата ќе биде задолжителна за сите Европејци кои сакаат да ја посетат Велика Британија од 2 април, откако истата пропусница беше воведена во јануари за граѓаните на САД, Канада и други земји на кои не им е потребна виза.

Слична дозвола за влез во земјата имаат и САД.

„Со дигитализирање на системот за имиграција, го отвораме патот за бесконтактни гранични премини во ОК“, рече министерката за миграција Сема Малхотра претходно овој месец, кога беше отворена веб-страницата за првите апликации.

Таа додаде дека проширувањето на ЕТА во земјите ширум светот „ја зајакнува посветеноста за подобрување на безбедноста преку технологија и иновации“.

Документот дозволува посети до шест месеци и важи две години. Тоа е задолжително за сите патници, вклучително и малолетни и новороденчиња.

Пропусницата може да се добие од апликација за паметни телефони или од владината веб-страница, а на Европејците им е достапна од почетокот на март.

Почнувајќи од среда, граѓаните на околу триесет европски земји, вклучително и целата ЕУ со исклучок на Ирска, ќе треба да имаат електронска дозвола за влез во Обединетото Кралство, кое ја напушти ЕУ во 2020 година. Апликантот мора да приложи фотографија од пасош и од лицето. Процесот трае околу десет минути, информираат од британското Министерство за внатрешни работи.

Во повеќето случаи, одлуката за апликацијата се носи во рок од неколку минути, но можно е да се чека и до три работни дена, велат од Владата.

Доколку апликацијата се обработи успешно, ЕТА е дигитално поврзана со пасошот на апликантот.

Патниците кои претстојуваат на аеродроми без да ја поминат границата со ОК се ослободени од оваа програма. Ова беше направено по притисокот од Хитроу, најпрометниот аеродром во Европа, кој стравуваше од губење на бројот на патници.

Прикажи повеќе...

Европа

Путин потпиша мобилизација, вика најмногу луѓе во војска во последните 10 години

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за пролетна мобилизација, со кој се наредува регрутирање на 160.000 граѓани на воена служба во периодот од 1 април до 15 јули, јавуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

Во армијата ќе бидат повикани 160.000 руски државјани на возраст од 18 до 30 години, што е за 10.000 повеќе од лани и најголем број регрути во последните десет години.

Путин и овој пат вети дека регрутите нема да бидат испратени на бојното поле. Но, имаше и претходни случаи на заробени и убивани регрути за време на нејзината „специјална воена операција“ во Украина, како што Кремљ ја нарекува својата тригодишна инвазија на Украина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

93 пациенти повредени во пожарот во Кочани закрепнаа, уште 100 се лекуваат во странство и во домашните болници

Од вкупно 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување, а во болниците во...

Македонија29 минути

Над 340.000 пензионери во државата од денес ќе добиваат за 2500 денари повисоки пензии

Над 340.000 пензионери во Република Северна Македонија од денес ќе добиваат за 2500 денари повисока пензија. Со линеарното покачување на...

Македонија2 часа

„Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски“, прашува СДСМ

„Обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата, кои тој лично ги одбрал на тие позиции. Оттука се...

Свет3 часа

Нема знаци на живот под урнатиот облакодер во Бангкок: „Ќе копаме уште“

Гувернерот на Бангкок Чадчарт Ситипунт изјави дека не се откриени знаци на живот во урнатините на облакодер во главниот град...

Свет3 часа

Првото патување на Трамп ќе биде во Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека планира да ја посети Саудиска Арабија уште во мај за да потпише инвестициски...

Свет4 часа

(Видео) Кина одржува воени вежби околу Тајван, објави анимација: „Паразитот го труе островот“

Кина го распореди својот носач на авиони Шандонг и други бродови околу Тајван, објави денеска тајванското Министерство за одбрана, додека...

Регион4 часа

(Видео) Додик се огласи по неколкудневен молк: Пристигнав во Москва

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, по кој трагаат правосудните органи и полициските агенции во Босна и Херцеговина, вчера вечер...

Спорт15 часа

ФФМ најави дисциплинска постапка за натреварот во Тетово: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот

Фудбалската федерација на Македонија најави санкции за фудбалскиот клуб Шкендија, чии навивачи денеска предизвикаа скандал со недоличното однесување пред почетокот...

Спорт15 часа

(Видео) Навивачи на Шкендија наместо молк за жртвите од Кочани, пееја и исвиркуваа

Натпреварот меѓу Шкендија и АП Брера од Струмица го одбележа недолична сцена на почетокот на мечот кога домашните навивачи решија...

Македонија20 часа

Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија и еден од Италија

Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија (тројца од КБЦ Ниш и двајца од ВМА Белград) и...

Свет22 часа

Марин Ле Пен прогласена за виновна за проневера на средства од ЕУ фондови

Францускиот суд донесе пресуда против лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен и нејзината партија Национален собир (РН), прогласувајќи ја...

Македонија24 часа

Одземени 250 килограми грицки и оризови барови со поминат рок, казнет нелегалниот продавач

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Триото Трендафилов, Деановски и Пешевски, заедно имаат месечни примања околу 5.000 евра

Триото Трендафилов, Деановски и Пешевски, заедно имаат месечни примања околу 5.000 евра, или над 3 милиони денари годишно, немаат претстава...

Свет1 ден

Неколку згради во Бангкок се евакуирани како мерка на претпазливост поради последиците од земјотресот

Неколку згради во Бангкок се евакуирани поради извештаи за вибрации и пукнатини кои се појавиле во зградите, објави Бангкок пост....

Македонија1 ден

Охрид СОС алармира за изградба на хотел во Горица

Во извештајот на Реактивната мониторинг мисија (РММ) на УНЕСКО која престојуваше во Охрид минатиот март стои: „Додека мисијата се приближуваше...

Свет1 ден

Трамп: Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, ќе има проблеми ако го направи тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, пренесоа американските...

Свет1 ден

Жена спасена по 60 часа под урнатините, најмалку 1.700 загинати во земјотресот во Мјанмар

Три дена по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар, властите проценуваат дека загинале најмалку 1.700 луѓе. Спасувачките тимови се обидуваат...

Македонија2 дена

Христијан Стојанов е уште едно младо момче што влезе во „Пулс“ за да спасува луѓе: „Обезбедувањето ни помогна многу“

Осумнаесетгодишниот Христијан Стојанов е уште еден херој од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој не размислувајќи за сопствениот живот...

Македонија2 дена

Подобрена е состојбата кај двајца пациенти кои се лекуваат во Солун, од интензивна нега преместени се на пластика

Министерството за здравство информира дека нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти од вчера, во Скопје вкупно се лекуваат 16...

Македонија2 дена

Oсмани и Адеми во посета на семејството на Бектеши за Бајрам: „Неправедно е обвинет, ја имате нашата поддршка“

Поранешниот министер за здравство Бујар Османи и портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, за Рамазан Бајрам го посетија семејството на ексминистерот...