Црна хроника
Во пожар изгореа трактор, автомобил, машина за тутун, сено и покрив од куќа во Долнени

Вчера во 16.00 часот било пријавено дека во с.Црнилиште, општина Долнени, настанал пожар во помошна просторија во двор од куќа сопственост на Ѓ.С.(56).
Во пожарот целосно изгорена била целата дрвна кровна конструкција покриена со лимен покрив, околу 300 бали сено, 500 бали сув тутун, машина за нижење тутун, трактор, патничко возило и делумно изгорено уште едно патничко возило.
Исто така, од пожарот на помошната просторија оштетена е доградбата на новоизградената куќа во истото дворно место. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Норвежанец приведен на аеродромот во Скопје, се однесувал агресивно

44-годишен државјанин на Норвешка бил приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако за време на летот од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обид полициските службеници да разговараат со него, мажот продолжил да се однесува агресивно и кон нив, попречувајќи го извршувањето на службените дејствија.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
46-годишна жена физички нападната од својот партнер

Четириесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер во домот каде што престојува, на подрачјето на општина Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 јуни околу 22:00 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 7 јуни, околу 02:30 часот. Осомничениот С.А. (50) оштетил и дел од покуќнината.
Од МВР информираат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.