Скопје
СВР Скопје со засилени мерки за безбеден град

Во текот на вчерашниот ден и денеска полициски службеници од СВР Скопје преземаа засилени мерки и активности за безбеден град Скопје при што на повеќе од 20 локации беа легитимирани 85 лица, кај сите бил извршен и преглед.
Преглед бил извршен и на 38 моторни возила и три мотоцикли.
Лишени од слобода биле четири лица по член 215 од Кривичниот законик и две лица поради недозволено поседување на оружје.
Засиленото полициско присуство за безбеден град Скопје продолжува и во наредните денови, најави полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека денеска поради уличен водоводен дефект од ф 150мм на улицата Самоилова бр.50 во Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Самоилова, улицата Јоаким Крчовски и улицата Банатска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:40 часот до завршување со санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Карпош и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од улицата Франце Прешерн, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Симеон Кавраков, Петар Ацев и Анастас Митрев, општина Аеродром.
Македонија
Ѓорѓиевски на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина: „Заедно создаваме одржлива иднина“

Градоначалникот на oпштина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, на покана на првиот вицепремиер Изет Меџити, денес присуствуваше на настан по повод Светскиот ден на животната средина. Настанот се одржа под мотото „Заедно создаваме одржлива иднина“ и опфати низа активности насочени кон унапредување на одржливите политики и практики во заштитата на животната средина.
„Денес, на покана на првиот вицепремиер Изет Меџити, присуствував на настанот на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина, под наслов ‘Заедно создаваме одржлива иднина’. Програмата вклучуваше конференција со две панел-дискусии кои беа фокусирани на одржливото управување со заштитени подрачја, одржливото управување со отпадот и примената на современите зелени технологии.
Имавме чест да видиме и неколку презентации од учениците од Скопје и Македонија, кои се дел на ГЛОБЕ програмата со мрежата за искуствено учење, со акцент на значењето на искуственото еколошко образование во оформување на свесни и одговорни генерации поддржано од УНИЦЕФ и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Нека заштитата и унапредувањето на животната средина и понатаму останат да бидат врвен приоритет, кој ќе резултира со нови парковски површини на места каде што постојат депонии, со акции за чистење и за пошумување, со едукација за правилна селекција и одложување на отпадот и бројни иницијативи за подигнување на еколошката свест кај граѓаните. Заедно можеме“, истакна претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.