Спорт
Јуве и Аталанта го договриле трансферот на Копмајнерс
Фудбалскиот клуб Јувентус го комплетира најскапиот трансфер во овој преоден рок. До крајот на денот договор со „старата дама“ ќе потпише Теун Копмајнерс (26). Преговорите со Аталанта траеја од почетокот на преодниот рок, клубот мораше да се согласи на продажба откако фудбалерот одби да тренира барајќи трансфер.
Јувентус за трансферот на Холанѓанецот ќе издвои фикнси 52 милиони евра, а преку бонуси Аталанта може да заработи уште седум милиони евра.
Копмајнерс денеска ќе ги мине лекарските прегледи и ќе потпише договор со Јувентус и ќе стане шесто засилување на „старата дама“ ова лето. Досега во клубот пристигнаа Даглас Луиз, Кефрен Тирам, Хуан Кабал, Нико Гонзалес и Пјер Калулу.
До крајот на преодниот рок Јувенус планира уште еден трансфер. Според италијанските медиуми Џејдон Санчо е приоритет на Јувентус до крајот на преодниот рок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шок во Барселона, Еспањол на колена го фрли Реал
Фудбалерите на Еспањол, приредија вистинско изненадување, го совладаа Реал Мадрид со 1:0 (0:0) во 22. коло на шпанската Ла Лига.
Вечерва ништо не му одеше во корист на „кралскиот клуб“, а според многумина на овој натпревар ја немаа наклоноста на судиите.
Избраниците на Карло Анчелоти двапати ја погодија рамката на голот, Килијан Мбапе во првиот дел и Родриго во вториот дел. Блескаше и голманот на Еспањол со неколку извонредни интервенции.
Во 20.минута беше поништен голот на Винисиус поради прекршокот што гонаправи Мбапе.
Ситуацијата на која замерка имаат навивачите на Реал се случи во 61. минута. Тогаш Карлос Ромеро страртуваше врз Мбапе во обид да прекина контра на Реал. Судијата Руиз покажа жолт картон, а и ВАР собата не се огласи.
Romero received a yellow card for this tackle on Mbappé. pic.twitter.com/qmXZ8nZe3T
— ESPN FC (@ESPNFC) February 1, 2025
Ромеро остана на теренот и потоа го реши натпреварот, во 85. минута.
Фудбалерите на Еспањол изведоа феноменален контранапад, откако се одбранија по корнерот на противникот.
Топката убаво се движеше на крајот Омар Ел Хилали нафрли на далечната статива за за Ромеро, кој со левата нога го совлада Тибо Куртоа и го нокаутира мадридскиот тим.
Спорт
(Видео) Кикс на Астон Вила во Вулверхемптон
Во 24. коло од Премиер лигата, Вулверхемптон на домашен терен ја совлада Астон Вила со 2:0. Вулверхемптон забележа значајна победа во борбата за опстанок, додека Вила дополнително се оддалечи од местата кои обезбедуваат пласман во Лигата на шампионите.
Волвс го шокираа фаворитот во 12. минута со голот на Белгардо. Резултатот остана 1:0 до полувремето, но се чини дека Вулверхемптон можеше побрзо да постигне втор гол, отколку Вла да изедначи. Фудбалерите на Астон Вила не упатија дар кон противничкиот гол во првите 45 минути.
Унаи Емери го повлече Оли Воткинс на полувремето и го претстави најновото засилување, Дониел Мален. Холанѓанецот погоди во 55. минута, но голот беше поништен поради офсајд по интервенција на ВАР.
После тоа Вила немаше многу шанси, Вулвс добро се бранеа, а во 97.минута најдобриот играч на „волците“, Матеус Куња стави точка на натпреварот.
Спорт
(Видео) Милинковиќ-Савиќ одбрани пенал, Торино освои бод во Бергамо
Аталанта го губи здивот во трката со Интер и Наполи во Серија А. Ла Деа по неверојатната серија од 12 победи, на последните пет натпревари победи само еднаш, три пати ремизираше и еднаш загуби.
Вечерва во Бергамо, Торино успеа да остане непоразен против Аталанта (1:1). Голманот на Торино и ја украде победата на Ла Деа, во 74.минута му одбрани пенал на првиот стрелец во лигата, Матео Ретеги.
Кончениот резултат беше поставен во првиот дел во интервал од пет минути. Џимшити погоди за предноста на Аталанта во 35.минута, а пет минути подцна изедначи Марипан.