Свет
(Видео) Украински дронови запалија складиште за нафта во Русија, а нападнаа град 1.500 километри оддалечен од украинската граница
Украински беспилотни летала напаѓаат подлабоко во Русија. Тие го нападнаа градот Котелнич во руската Кировска област, а погодено е и складиште за нафта во Ростов.
Според гувернерот Киров, руската противвоздушна одбрана соборила два беспилотни летала додека три „паднале“ и предизвикале пожар во близина на нафтениот погон Зенит.
Беспилотните летала биле цели на резервоар со нафтени деривати, тврди гувернерот.
Ukrainian drones attacked #Kirov oblast, more than 1400 km from the border with Ukraine, for the first time. The drone attack set on fire at least two oil reservoirs at Zenit plant located in #Kotelnich that belongs to Rosrezerv (russian strategic reserves).
Local residents… pic.twitter.com/DF1n3HTJBq— Olga Klymenko (@OlgaK2013) August 28, 2024
Нема информации за жртви или материјална штета. Соколов рече дека ситуацијата е „под контрола“.
Котелнич се наоѓа на околу 1.500 километри од украинската граница. Ова е прв извештај за напад со беспилотно летало врз руската област Киров од почетокот на руската инвазија на Украина.
Според податоците на руското Министерство за одбрана, противвоздушната одбрана во текот на ноќта соборила осум беспилотни летала над регионот Воронеж и четири над Ростовската област.
Украинската војска официјално не ги коментираше извештаите, кои не можат да бидат независно проверени.
Претходно, каналот „База телеграм“, кој е близок до руските безбедносни служби, објави дека три цистерни горат во складиштето за нафта Каменски, откако два дрона паднале во областа.
„Нема жртви“, рече гувернерот на Ростов Василиј Голубев на апликацијата за пораки Телеграм за нападот во областа Каменски.
„Пожарникарите го гаснат пожарот“.
Ukrainian forces struck the Atlas oil plant in the Kamensky district, Rostov region, in Russia. At least two oil tanks are burning and more are about to be affected.
The local Russian regime authorities fear a similar scenario as in Proletarsk, where the fire is still raging. pic.twitter.com/62E7zOmN1a
— (((Tendar))) (@Tendar) August 28, 2024
Ројтерс успеа да идентификува едно од видеата, снимено во областа Каменски во Ростов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Првиот човек на грчката Пошта поднесе оставка по најавата за затворање на 200 филијали
Планираното затворање на 204 поштенски филијали скапо го чинеше директорот на Грчката пошта (ЕЛТА), Григорис Скликас, кој поднесе оставка, пренесе весникот „Катимерини“.
Скликас ја поднел оставката откако многу граѓани дознале дека нивните локални пошти биле затворени преку ноќ, што предизвикало остри реакции. И покрај оставката, владата останува при планот за затворање на околу една петтина од вкупно нешто повеќе од илјада пошти.
Директорот се бранел дека работат со застарена опрема и несоодветна дигитална инфраструктура. Грчката пошта се соочува со недостиг од персонал и милионски загуби, а долгот изнесува околу 140 милиони евра.
Портпаролот на владата, Павлос Маринакис, изјави дека планот за реструктурирање и затворање на филијалите е конечен, но призна дека одлуката за нивно затворање без претходна консултација со граѓаните била погрешна.
Тој најави дека реформата ќе се спроведе по дијалог со јавноста и дека целта е сите граѓани да имаат пристап до поштенски услуги.
Свет
Орбан му одговори на Зеленски: Украина не ја брани Унгарија од никого и од ништо
Унгарскиот премиер Виктор Орбан му возврати удар на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој го обвини во едно интервју дека го поддржува Путин со блокирање на пристапните преговори на Украина со Европската Унија. Зеленски рече дека нема намера да понуди отстапки на Будимпешта, на што Орбан одговори дека Украина не ја брани Унгарија и дека Будимпешта не му должи ништо, објави „Евроњуз“.
Во интервју објавено вчера Зеленски тврдеше дека Унгарија треба да ја поддржи одбраната на Европа наместо да бара отстапки.
„Не мислам дека треба да му понудам нешто на Виктор Орбан“, рече Зеленски.
„Мислам дека Виктор Орбан треба да ѝ понуди нешто на Украина, која ја штити цела Европа од Русија, а дури и сега, за време на оваа војна, не добивме никаква поддршка од него, поддршка за нашата визија за живот“, додаде украинскиот претседател.
Одговорот на Орбан дојде кратко по објавувањето на интервјуто. Унгарскиот премиер ја отфрли сугестијата дека неговата земја му должи нешто на Киев.
„Украина не ја брани Унгарија од никого и од ништо. Ние не го побаравме тоа и никогаш нема да го сториме тоа. Безбедноста на Унгарија е загарантирана од нашите национални одбранбени капацитети и од НАТО, чиј член, за среќа, Украина не е“, рече Орбан.
Тој истакна дека Унгарија досега обезбедила приближно 200 милиони евра хуманитарна помош и продолжува да ја снабдува земјата разорена од војна со гас и електрична енергија.
Премиерот го повтори цврстото противење на Унгарија на пристапувањето на Украина во ЕУ.
„Унгарија не го поддржува и нема да го поддржи пристапувањето на Украина во Европската Унија бидејќи тоа би донело војна во Европа и би ѝ одзело унгарски пари на Украина“, рече Орбан додавајќи дека би претпочитал да види Киев да добие статус на стратешки партнер наместо полноправна членка.
Свет
Зохран Мамдани со чекан и срп на насловната страница на „Њујорк пост“
Демократскиот социјалист Зохран Мамдани, кој се опиша себеси како најлошиот кошмар на Трамп, е избран за нов градоначалник на Њујорк.
На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во заднината Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, а на небото над облакодерите се гледаат три црвени пентаграми.
„По кампањата, во која ветуваше високи даноци, бесплатни работи и омраза кон Израел, социјалистот Зохран Мамдани убедливо победи синоќа и ќе стане 111-ти градоначалник на Њујорк“, пишува „Њујорк пост“.
„Њујорк пост“ е еден од најстарите американски дневни весници, основан 1801 година, а денес е познат како таблоид со изразен сензационалистички пристап. Тој ги претставува конзервативните политички ставови, блиски до Републиканската партија.
Тој често ги критикува политичката левица, прогресивните движења и демократските функционери, а пишува потврдно за републиканските кандидати и за конзервативните прашања. Неговиот стил е провокативен, со заводливи наслови, иронија и визуелно моќни насловни страници.
За што се залага Мамдани?
Политичката платформа на Мамдани се базира на зајакнување на јавните услуги и проширување на социјалните програми, особено во областите домување и транспорт. Тој се залага за замрзнување на кириите во регулираните станови и изградба на многу достапни станови.
Мамдани исто така ги поддржува воведувањето бесплатен автобуски превоз и проширувањето на јавниот превоз финансиран од градскиот буџет. Неговите планови вклучуваат зголемување на даноците за најбогатите и за најголемите корпорации за финансирање нови јавни програми.
Во однос на социјалните прашања, тој силно ги поддржува правата на ЛГБТК+ луѓето и проширувањето на пристапот до здравствена заштита. Се залага за бесплатна грижа за децата и намалување на трошоците за живот за семејствата. Во областа на јавната безбедност се промовира поголема улога на социјалните и на услугите за ментално здравје, а воедно се намалува обемот на работа што традиционално се префрла на полицијата.

