Свет
Земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди Авганистан
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Авганистан.
Земјотресот бил на длабочина од 224 километри, но добро се почувствувал.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 200 километри источно од градот Кундуз, но тресењето на земјата се почувствувало во Кабул, но и во Исламабад, Пакистан.
„Го почувствував, добро се тресеше“, напишаа луѓето на веб-страницата на ЕМСЦ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Експлозија во Нови Сад: Едно лице повредено
Едно лице е повредено денеска кога се случила експлозија во Нови Сад.
Дошло до експлозија на плинска боца.
Повредениот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар, но за сега не се знае сериозноста на повредите. Истрагата е во тек, а по задолжителниот увид се очекува на лице место да излезат екипи на компанијата „Нови Сад Гас“.
Свет
Повеќе од 1.000 луѓе евакуирани поради невремето во Италија, училиштата затворени
Реката Сенио се излеа во населбата Кастел Болоњезе кај Равена и водата стигнува до центарот на градот, додека низ регионот Емилија Ромања повеќе од 1.000 луѓе се евакуирани поради влошување на временските услови, соопштија денеска локалните власти.
Покрај 800-те луѓе евакуирани во областа Равена, уште 165 лица биле принудени да ги напуштат своите домови во областа Болоња, пренесува Анса.
Железничкиот сообраќај е во прекин од синоќа меѓу Форли и Фаенца, меѓу Равена и Кастел Болоњезе, Равена и Ферара и меѓу Равена и Фаенца поради временските услови кои можат да доведат до поплави.
Европа
ОН: Руските напади врз енергетската мрежа на Украина го прекршуваат хуманитарното право
Руските воздушни напади врз енергетската мрежа на Украина веројатно го прекршуваат меѓународното хуманитарно право, соопшти набљудувачката мисија на ОН, додека Украинците се подготвуваат за најлошата зима од почетокот на руската инвазија.
За време на инвазијата, Русија истрела стотици проектили и беспилотни летала врз украинските капацитети за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија.
Првиот голем бран удар се случи во есента и зимата 2022 година, неколку месеци откако Русија ја започна својата инвазија. Нападите продолжија во текот на целата војна, иако Москва значително ја засили својата кампања од март.
Секој бран напади ги остави украинските градови без струја.
Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина (HRMMU) го фокусираше својот извештај на девет бранови напади помеѓу март и август 2024 година.
„Постојат разумни основи да се верува дека повеќе аспекти на воената кампања за оштетување или уништување на цивилната инфраструктура за производство и пренос на електрична енергија и топлина во Украина ги прекршиле основните принципи на меѓународното хуманитарно право“, се вели во извештајот.