Македонија
„Вреди“: Иницијативата за оспорување на двојазичноста е обид за државен удар
Без намера да ја загрозуваме независноста на Уставниот Суд, сметаме дека е неопходно да предупредиме од опасноста, прашањето на употребата на Албанскиот јазик како службен јазик да се третира како можност за дневно политичка пресметка, велат од „Вреди“
Со оглед на фактот дека иницијативата доаѓа од анти НАТО партија која го глорифицира комунистичкиот режим на Енвер Хоџа, најмалку што очекуваме, додаваат од партијата, е истата да се отфрли со констатација дека е обид за државен удар.
„Особено што станува збор за оспорување на процесот на стапување на сила на Законот за употреба на јазиците, без да навлегува во неговата содржина. Доколку ваквата иницијатива евентуално се прифати, тогаш се отвора Пандорината кутија и за промената на Уставното име, кое исто така е извршено без потпис на тогашниот претседател на републиката, Ѓорѓе Иванов. Не сметаме дека Уставниот Суд треба да придонесе евентуална ревизија на нашето полноправно членство во најмоќниот воено-политички сојуз, НАТО Алијансата.
Нашиот став за балансерот е јасен и соопштен во неколку наврати. Овој механизам стана предмет на злоупотреба кога Македонци се изјаснуваа како Албанци за да се вработат во државна администрација. Затоа, сметаме дека е неопходно да се усвои Закон за правична застапеност.
Што се однесува до душебрижниците од албанската опозиција, кои на секоја кривина бараат причина за да креираат меѓуетнички тензии со единствена цел, да го спасат фамилијарниот криминал на Али Ахмети, им порачуваме да му одговорат на Албанскиот народ:
Што правевте пет години од 2019 до 2024 и зошто не ја отфрливте можноста, Уставниот суд воопшто да ја преиспитува употребата на Албанскиот јазик како службен јазик?
Иницијативата на Левица до Уставниот Суд е доставена во 2019 година, кога ДУИ е на власт. Во тоа време за претседател на Уставниот суд е избран Сали Мурати, кој денес е пратеник од редовите на таканаречениот Европски фронт.
Во 2009 и 2014, екипата на Али Ахмети по налог на Никола Груевски и Сашо Мијалков го избраа Ѓорѓе Иванов за претседател на републиката. Во 2024 срамно не ја подржаа претседателската кандидатурата на Арбен Таравари и со тоа спречија Албанците за прв пат во историјата да имаат шанса за победа во вториот круг“, истакнуваат во соопштението од „Вреди“.
Ова како што оценуваат, е директен доказ за лицемерието на ДУИ, кои на секој чекор оставаат кукавички јајца за интересите на Албанците.
Според „Вреди“, крајно време е да престанат да ја потценуваат интелигенцијата на албанскиот народ и да ја прифатат одговорноста за нивните погрешни, неодговорни и криминални политики.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.
Македонија
Нека е со среќа, нека е аирлија, порача Мицкоски на пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“
Во Тетово денеска беше пуштена во употреба реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ .
На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој изрази задоволство што за само неколку месеци со, како што рече, силна и посветена работа, е завршена реконструкцијата на гимназијата.

– Тоа што тогаш можеби делуваше невозможно, денеска е возможно, реално. Сакам да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците од Општина Тетово коишто го поддржаа овој проект, да се заблагодарам на Министерството за образование, на сите оние коишто се добронамерници за Тетово и тетовци и што изминатиов период се дел, би рекол, од многуте проекти коишто се реализираат во Општина Тетово, изјави Мицкоски.
На учениците и на наставниците од училиштето тој им посака успеси во работата односно во учењето и, рече, „уште многу успешни тетовчани да произлезат од клупите на ова училиште“.

– Нека е со среќа, нека е аирлија и да ни се множат уште многу вакви успешни проекти, додаде премиерот.

