Спорт
Спринтот во Арагон надмоќно го доби Маркез, Мартин нов лидер во вкупниот пласман
Марк Маркез го освои спринтот во Арагон, пред Хорхе Мартин и Педро Акоста. Овв е прва победа во спринт трките за Маркез и воопшто прва победа за осумкратниот шампион откако се пресели во тимот на Гресини.
Шпанецот беше доминантен од почетокот на денот, освојувајќи ја полската позиција во квалификациите, а потоа триумфално триумфираше во спринтот, на патеката каде што забележа пет победи возејќи за Хонда.
Маркез 11 кругови успеа да наорави предност поголема од три секунди пред сонародникот Мартин (Прамак). Подиумот го комплетира уште еден Шпанец, дебитантот Педро Акоста (Гас Гас).
Трагичар на денот е актуелниот шампион Франческо Бања. Пеко тргна од третата позиција, имаше ужасен старт, веднаш падна на шестата позиција, за момент се проби до четвртото место, но потоа поради проблемите со гумите едвај заврши на деветтото место и освои еден бод.
Одличнатрка имаше шампионот од 2021 година, Фабио Квартараро, кој стартуваше од 17. место, а спринтот го заврши на осмата позиција.
Зад најдобрите тројца е пласираа Алекс Маркез, Мигел Оливеира, Бред Биндер, Енеа Бастијанини, Квартараро, Бањаја и Марко Бецеки.
Во генералниот пласман сега лидер е Мартин со 279 поени, три повеќе од Бањаја и 62 од Бастијанини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Роналдо останува – ќе игра дури и на 43 години

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо одлучи да остане во Ал Наср.
Како што објави Фабрицио Романо, само формалности го делат 40-годишникот од останувањето во Саудиска Арабија.
Тој треба да потпише едногодишно или двегодишно продолжување на соработката со клубот, во зависност од тоа што играчот претпочита. Доколку се одлучи за втората опција, тоа значи дека сè уште би играл фудбал професионално на 43 години.
Тој потпиша за Ал Наср во јануари 2023 година и оттогаш одигра 105 натпревари и постигна 93 гола. Моментално има 938 гола во кариерата и е главната мотивација за него да продолжи да игра 1.000 гола.
Минатата сезона, тој постигна 35 гола на 41 натпревар и имаше четири асистенции.
Тој одигра 221 натпревар и постигна 138 гола за Португалија. Неодамна го освои својот трет трофеј со репрезентацијата, славејќи во финалето на Лигата на нации по втор пат во кариерата.
Спорт
Ренџерс добија засилување од Борнмут

Глазгов Ренџерс добија нов десен бек. На едно годишна позајмица од Борнмут во Глазгов пристигна 25-годишниот Макс Аронс.
Аронс ја помина претходната полусезона во Валенсија, каде што одигра само четири настапи.
Поранешниот млад репрезентативец на Англија се наметна во дресот на Норич, со кој двапати избори промоција во Премиер лигата. Потоа, во 2023 година, потпиша за Борнмут во трансфер вреден седум милиони фунти.
Во првата сезона, тој одигра 20 натпревари за „црешите“, но во наредната сезона одигра само три натпревари.
Спорт
Ал Наср го отпушти Сетфано Пиоли

Италијанецот Стефано Пиоли повеќе не е тренер на саудискиот фудбалски клуб Ал Наср.
„Пиоли и неговите соработници повеќе не се во тренерскиот штаб на првиот тим“, се вели во соопштението на Ал Наср.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Пиоли ќе се врати во Италија и ќе ја преземе Фиорентина.
Тој ја водеше Фиорентина две сезони, до 2019 година, а потоа пет години го водеше Милан, со кого ја освои титулата во Серија А. Тој го напушти Милан на крајот од сезоната 2023/24 и го презеде Ал Наср неколку месеци подоцна, кога Луис Кастро беше отпуштен.
Договорот на играчот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, со клубот истекува во понеделник, но јасно е дека Португалецот ќе ја продолжи соработката.
Ал Наср не бил шампион од 2019 година, а откако Роналдо пристигна пред две и пол години, клубот смени три тренери.
Тимот го освои третото место во првенството оваа сезона и ќе игра во Азиската Лига на шампиони.