Спорт
(Видео) Лапјциг го направи невозможното, го победи Баер Леверкузен
Лудата серија на Баер Леверкузен во Бундес лигата заврши на неверојатен начин. „Фармацевтите“ имаа два гола предност, но загубија од Лајпциг 2:3 на домашен терен. Елиф Елмас, како и во првото коло, не доби шанса во тимот на Лајпциг. Мечот го следеше од клупата за резерви.
Во мај 2023 година, во 34.коло „Фармацевтите“ загубија од Бохум (3:0). Потоа следеше неверојатната сезона во која Баер Леверкузен без пораз ја освои првата титула во Бундес лигата.
Крај на таа серија ставија фудбалерите на Лајпциг. По првиот дел не делуваше дека Баер ќе ги испушти бодовите. Во 39 минута Вирц го постигна првиот, а шест минути подоцна Фримпонг зголеми на 2:0.
Но сепак во втората минута од судиското надополнување на времето Кампл успеа да го намали резултатот.
Во вториот дел, гостите дојдоа до победата со двата гола на Опенда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Флик: Можеме да ја освоиме Лигата на шампионите
Барселона го започнува овогодинешното учество во Лигата на шампионите со гостувањето во Монте Карло кај Монако.
Каталонците одлично го започнаа шпанското првенство, во првите пет натпревари имаат исто толку победи.
Германскиот стручњак Ханси Флик смета дека неговиот тим може да оди до крај во елитното европско натпреварување.
„Верувам дека можеме да стигнеме до титулата во Лигата на шампионите. Тоа е секогаш цел на најголемите клубови. Лигата на шампионите е најсилното натпреварување во светот, а јас сум убеден дека Барса може да игра и да ги победи сите“, изјави Флик.
Спорт
Македонија остана 72. на ФИФА-листата
Фото/ ffm.mk
Светската фудбалска федерација (ФИФА), во четвртокот ја објави најновата ранг листа на која Македонија го задржа пласманот од претходното рангирање.
Македонија во септември, одигра два натпревари во Лигата на нации, забележа реми со Фарси Острови (1:1) и ја победи Ерменија (2:0). Македонија ја задржа 72.позиција на ФИФА листата.
На најновата листа нема промени во Топ 10: прва е Аргентина пред Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија.
Спорт
Мудрик незадоволен од статусот сака да го напушти Челси
Една година по трансферот од Шахтјор, Михаило Мудрик би можел да го напушти Челси.
Градските ривали, Арсенал и Челси, во јануари 2023 година водеа голема битка за потписот на талентираниот Украинец. Челси успеа да го обезбеди неговиот потпис откако понуди речиси двојно повеќе пари.
Арсенал излезе со понуда од 40 милиони евра и став дека тоа е максимумот што го нудат за Мудрик. Шхтјор, логично, ја прифати понудата од „Стенфорд Бриџ“ од 70 милиони евра.
Девет месеци подоцна, Мудрик се наоѓа пред заминување. Јасно е дека Украинецот и покрај тоа што имаше многу шанси да се докаже кај Маурицио Покетино, не го оправда вложеното во неговиот трансфер.
За разлика од Покетино, неговиот наследник Енцо Мареска не смета на Украинецот.
Поради тоа, Мудрик бил подгтовен во јануари да земине на позајмица, незадоволен од статусот што го има во тимот.
Англиските медиуми пишуваат дека Олимпик Марсеј покажува интерес за крилниот напаѓач. Според овие извори, Марсеј на чија клупа од оваа сезона седи Де Зерби, сака да го позајми Мудрик со опција на крајот на сезоната да го откупи неговиот договор.