Свет
Поранешен воспитувач во градинка признал 307 сексуални престапи врз деца во Австралија
Поранешниот наставник во градинка „Ешли“, Пол Грифит. денеска призна дека извршил 307 сексуални престапи врз десетици деца во периодот меѓу 2007 и 2022 година кога работел во детски институции во Бризбејн, објавија австралиските медиуми.
Грифит (46), жител на Голд Коуст, се изјаснил за виновен по сите обвиненија на сослушувањето одржано утрово во Окружниот суд во Квинсленд, пренесува лондонски „Гардијан“.
Во преполната судница читањето на сите 307 обвиненија утрово траеше два часа, некои од присутните беа принудени да стојат поради недостиг на простор во судницата, а неколку набљудувачи плачеа на рочиштето со кое раководеше судијата Ентони Рафтер.
Грифит смирено се изјасни за виновен по сите обвиненија повремено кимнувајќи со главата и формално беше осуден за сексуални престапи извршени во градинките во кои работеше помеѓу јануари 2007 и август 2022 година.
Обвиненијата опфаќаат 190 случаи на незаконско и непристојно постапување со дете помладо од 12 години додека работел во детска установа, 28 случаи на силување, 67 случаи на изработка на материјал за детска експлоатација, четири случаи на производство на материјал за детска експлоатација и еден случај на дистрибуција материјал за експлоатација на деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.
Свет
Министерство за одбрана на Русија: Сите бојни глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите бојни глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепро (поранешен Днепропетровск).
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс. Нападот беше успешно искористен со ненуклеарна хиперсонична опрема“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта објави дека Украина употребила западно оружје со долг дострел против руската држава поради што регионалниот конфликт доби елементи на глобален.
Тој исто така рече дека еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, балистичката ракета „Орешник“, бил тестиран во борбени услови.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.