Македонија
Приватните превозници на средба со надлежните, ако не се постигне договор, ќе бидат уште поригорозни: „Нашите проблеми тешко се решаваат со градоначалничката на Скопје
Автобускиот превоз во Скопје од денеска е редуциран. Приватните превозници одлучија да сообраќаат само наутро, од пет часот.
Според изјавата на претставник на приватните превозници за „Макфакс“, еден автобус ќе вози само една тура, на една линија.
„Денеска, редуцирано сообраќаат автобусите со број 45, 23, 63, 73, 61, 22, 52, 54, 19 и 20“, потврдија од приватните превозници за „Макфакс“.
Од таму појаснуваат дека имаат неисплатен долг, кој за трите фирми заедно изнесува над 120 милиони денари. Истовремено, бараат и покачување на цената на изминатиот километар.
Претставникот на приватните превозници истакна дека нивни луѓе веќе се на средба и разговори со надлежните институции, во случајот, конкретно со директорот на ЈСП „Скопје“ и со секретарот на Град Скопје и дека е можен договор за решавање на проблемите.
Во спротивно, како што вели, доколку не дојде до тоа, ќе продолжат и понатаму со редуцирања, кои во иднина би биле уште поригорозни.
„Нашите проблеми тешко се решаваат со градоначалничката на град Скопје. Таа нема никаков слух за нас, единствено сака таа да е во право, а другите да бидат обвинети“, вели соговорникот за „Макфакс“, кој, поради притисоци, како што рече, не сака да го открие своето име и презиме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

