Спорт
„Дали сè уште веруваме во Тен Хаг? Апсолутно“

Манчестер Јунајтед доживеа дебакл на „Олд Трафорд“ од Ливерпул. Во неделата, Ливерпул победи со 3:0. Јавноста, медиумите и навивачите го делат мислењето дека менаџерот Ерик Тен Хаг е најголемиот виновник за лошиот резултат против Ливерпул и лошиот старт на сезоната.
Сепак, клупските челници не го делат мислењето на навивачите, тие го поддржаа менаџерот.
Ова го потврди спортскиот директор Ден Ешворт.
„Навистина уживам да работам со Ерик во овие осум недели. Мојата работа е да го поддржам на секој можен начин за тој целосно да се посвети на тренинзите и на тактичкиот план за натпреварите, со цел да му донесе успех на Манчестер Јунајтед“.
„Дали сè уште веруваме во Тен Хаг? Апсолутно“, изјави извршниот директор Омар Берада.
Ешворд се осврна и на заминувањето на Џејдон Санчо. Крилниот фудбалер кариерата ја продолжи во Челси.
„Имаме доволно фудбалери на тие позиции. Имаме четворица навистина добри крилни играчи. Џејдон е петти и тоа не поттикна да ја донесеме оваа одлука.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси го кани Модриќ во Интер Мајами

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ на крајот на сезоната би можел да се пресели во Интер Мајами. Покана добил од најголемата ѕвезда на Интер, Лионел Меси.
Клубот кој е во косопственост на Дејвид Бекам, во последните години е заинтересиран за Модриќ, а сега во приказната се вклучи и Меси, кој наводно го убедува Хрватот да се пресели во Мајами.
Модриќ, најверојатно следната сезона нема да биде дел од Реал Мадрид, а Хрватот сака да има клуб во кој ќе игра, со цел да биде подготвен за претстојниот Мундијал, кој ќе биде последен во неговата кариера, со оглед на тоа што следната година ќе наполни 40 години.
Интер Мајами сака да го ангажира Хрватот во пресрет на Светското клупско првенство кое годинава се игра во Америка. Доколку трансферот се случи, Модриќ ќе им се приклучи на поранешните големи ривали од Барселона, Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Џорди Алба.
Спорт
Хау повторно ќе го води Њукасл

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, се врати на работното место откако се опорави од пневмонија, соопшти денеска клубот од „Сент Џејмс Парк“.
Хау, пропушти три натпревари поради пневмонија. Од болницата во Њукасл бил отпуштен минатата недела.
Хау викендов ќе биде на клупата на првенствениот натпревар против Ипсвич кој испадна од Премиер лигата.
Во негово отсуство, тимот го предводеа помошниците Џејсон Тиндал и Греам Џонс, а црно-белите победија на два од три натпревари.
Њукасл се бори за место во Лигата на шампионите следната сезона, поточно за место меѓу првите пет екипи на табелата. Четири бода ги делат екипите од третото до седмото место.
На пет кола до крајот, Њукасл е петти на табелата со 59 бодови, еден бод помалку од четвртопласираниот Нотингем Форест и еден бод повеќе од шестопласираните Челзи и Астон Вила.
Спорт
(Видео) Анчелоти збесна по потегот на Ендик: Ова не е циркуз

Реал Мадрид оствари важна победа од 1:0 на гостински терен над Хетафе во 33. коло од Ла Лига и остана во шампионската трка со Барселона.
На пет рунди до крајот актуелниот шампион заостанува четири бода, а во следното коло следува директен дуел со Барселона. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Арда Гулер во 21. минута.
Сепак, вниманието од турскиот репрезентативец го оттргна неговиот соиграч Ендрик (18), кој минатото лето пристигна од Палмеирас за 47,5 милиони евра.
Во 56. минута кога се најде сам пред голманот на Хетафе, Давид Сорија, наместо да шутира, се обиде со лоб удар, но лошо го изведе и практично му ја додаде топката на голманот. Тренерот Карло Анчелоти беше видно лут и брзо го извади од игра.
На прес-конференцијата по натпреварот, Анчелоти ја коментираше ситуацијата:
„Ендрик не треба да прави такви работи. Тој е млад и треба да учи, но тоа не постои во фудбалот. Кога ќе се најдете сами пред голманот, треба да шутирате што посилно. Ова не е циркуски клуб“.
ENDRICK WHAT ARE YOU DOING? WHY SHOOT LIKE THAT? pic.twitter.com/c7ixDQ6tXV
— @thedesigner (@heyJudemeow) April 23, 2025