Македонија
(Видео) Ангелов: Пожар во скопски Расадник, се шири на сите страни
Пожар избувна попладнево во скопската населба Кисела Вода, кај Расадникот.
„Во овој момент беснее вистински шумски пожар, буквално во Расадникот. Горат ореови дрвја, грмушки и трева. Пожарот има зафатено голема површина, се шири во сите насоки. Во моментов има една екипа од скопските пожарникари, а пристигнуваат уште неколку. Верувам дека околните објекти ќе бидат заштитени бидејки насекаде околу овој Расадник постојат различни објекти, од едната страна има бензинска пумпа, од другата се зградите во Општина Кисела Вода. На 100 метра е булеварот. Проблемот е што пожарот се шири истовремено на сите страни“, посочи директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Ангелов порача граѓаните да останат спокојни бидејќи верува дека скопските пожарникари набргу ќе го стават под целосна контрола и ќе го изгаснат.
Според него, невообичаена е појавата да има шумски пожар во градот Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

