Македонија
Николовски, Муцунски и Стоилковиќ во Белград: Соработката меѓу Македонија и Србија е на високо ниво

Делегацијата во состав заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, денеска во Белград оствари средба со претседателката на Собранието, Ана Брбнабиќ.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу двете земји со посебен нагласок на зголемување на можностите за економска и трговската соработка, како и иницијативите поврзани со Отворен Балкан.
Тоа што се потенцираше на средбата е соработката во делот на регионалните проекти од заеднички интерес за двете земји во насока на подобрување на движењето на капиталот, човековите добра и услуги.
Притоа од македонска страна беше нагласена огромната заложба на Владата за изградба на брзата пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на земјите од Централна и Западна Европа.
“Македонија и Србија се два братски народи и во духот на добрососедството, соработката меѓу двете земји ќе продолжи на повисоко ниво се со цел на поквалитетен начин да се реализираат заедничките иницијативи”, се согласија и девете делегации.
Исто така македонската и српската страна ги истакнаа и реформските процеси што ги спроведуваат земјите во процесот на пристапните преговори за членство во Европската Унија. Во тој контекст се отворија и прашањата поврзани со регионалниот развој и интеграцијата на земјите во единствениот европски пазар.
Работните средби со државниот врв на Србија продолжуваат во текот на денешниот и утрешниот ден. На средбите покрај секторските проекти и иницијативи, ќе се разговара за претстојната посета на Владата на Србија во Македонија, како и за воспоставување на идна соработка во контекст на одржување на заеднички седници меѓу двете влади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието.
Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009).
Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на Собранието.
Првпат беше избран во првиот повеќепартиски состав (1990–1998), а подоцна повторно стана пратеник преку ГРОМ (2016–2020) и СДСМ (2020–2024).
Македонија
Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, велат од СДСМ.
Според нив, последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.
„До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?
Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.
За тоа мора да има одговорност“, додаваат од оваа партија.
Македонија
Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.
За утврдените недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.
Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.
Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекле 1 парична казна и донеле 5 решенија со наредба за нивно отстранување.