Црна хроника
Маж од Пробиштип осомничен дека ја запалил влезната врата од станот на сограѓанин, МВР го расчистува случајот
Полицијата вчера го приведе 38-годишник (Ј.Ј.) од Пробиштип кој се сомничи дека со запалива течност предизвикал пожар на влезната врата и предмети пред влезната врата од станот сопственост на Н.В.(46).
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од сопственикот, објави МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Истрага за две разбојништва во Скопје: тетовец со закани со скалпер се заканувал кон вработените и крадел пари од обложувачници
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник од тетовско Боговиње поради сомнение дека сторил две кривични дела – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 12 септември влегол во обложувалница на улицата “Никола Тримпаре” и со опасно орудие – скалпер се заканил по животот на една вработена и одзел 211.680 денари од сефот и касата.
На 14 септември, на сличен начин, од обложувалница во трговскиот центар “Лептокарија”, заканувајќи се со скалперот на еден вработен, одзел 80.250 денари.
Бидејќи постои опасност од бегство, можност да ја попречува постапката и да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
Кучиња скитници искасаа жители во Скопје
Вчера во 18.45 часот во Полициска станица Аеродром, А.Љ.(43) од Скопје, пријавил дека на бул.„Трета Македонска Бригада“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Истиот ден во 12.35 часот во Полициска станица Гази Баба, С.С.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Синоќа околу 21.00 часот во Полициска одделение Петровец, С.П.(44) од с.Петровец, скопско пријавила дека во с.Катланово била касната од куче скитник.
Црна хроника
Малолетник споделил експлицитни фотографии од неговата малолетна девојка на интернет, во ПС Драчево бил извршен службен разговор
Вчера во Полициската станица Драчево бил извршен службен разговор со малолетник од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека на социјална мрежа споделил фотографии со експлицитна содржина од неговата малолетна девојка, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.