Свет
(Видео) Супер тајфунот Јаги ја зафати јужна Кина: училиштата затворени, летовите откажани
Силни ветрови и обилни врнежи од супер тајфунот Јаги ја зафатија јужна Кина во петокот, каде што училиштата беа затворени втор ден по ред, а летовите беа откажани бидејќи една од најсилните бури што ја погоди Азија оваа година падна на брегот на кинеската тропска провинција Хаинан.
Со максимални ветрови од 245 километри на час, Јаги е вториот најсилен тропски циклон во светот од почетокот на 2024 година по атлантскиот ураган Берил од петта категорија, кој ги погоди САД порано.
Super #Typhoon Yagi hits southern China, leading to school closures and flight cancellations. The storm’s impact is being felt across the region, with safety measures ramping up. #ExtremeWeather #Sustainability pic.twitter.com/lwtKs8mqG5
— ClimateShift (@ClimateShiftX) September 6, 2024
Јаги се очекува да стигне до брегот на Кина од петок попладне движејќи се од Венчанг во Хаинан до Лејџоу во Гуангдонг. Ветерот и дождот беа придружени со силни грмежи и молњи во целиот регион во текот на ноќта и во петокот претпладне.
Сообраќајните врски во јужна Кина беа главно прекинати во петокот, а многу летови беа откажани во Хаинан, Гуангдонг, Хонг Конг и Макао. Затворен е и најдолгиот морски премин во светот, главниот мост што го поврзува Хонг Конг со Макао и Жухаи во Гуангдонг. Во финансискиот центар на Хонг Конг берзата е затворена, како и училиштата.
Третиот најсилен тајфун ќе остане во сила најмалку до 12 часот в петок, соопшти опсерваторијата во Хонг Конг, што значи дека многу бизниси ќе останат затворени и транспортот значително ќе се намали.
Кинеската влада испрати работни групи во Гуангдонг и Хаинан за да се справат со спречување на поплавите, објави официјалната новинска агенција Ксинхуа.
Тајфуните стануваат посилни, поттикнати од потоплите океани, поради климатските промени, велат научниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе
Во голема операција против илегалната трговија со дрога италијанската полиција откри и конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 лица.
Во операцијата 655 лица се ставени под истрага, од кои 39 малолетни, а конфискувани се 35 килограми кокаин и повеќе од 40 парчиња огнено оружје.
Полицијата изврши контроли и во 312 продавници за канабис, при што привремено се затворени пет продавници во три града откако биле извршени 312 контроли. Конфискувани се 296 килограми производи од канабис.
Италија во јуни одобри безбедносен декрет со кој се забранува така наречениот „легален“ канабис и трговијата со „лесен канабис“ или коноп се прогласува за нелегална трговијата, кој, за разлика од марихуаната, нема психоактивни ефекти.
Свет
Во САД заврши првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација, соопшти Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во САД веќе е завршена првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација и оти очекува извештај од шефот на украинската делегација Рустем Умеров пред следната рунда преговори.
Зеленски го изјави тоа за време на заедничкото обраќање до медиумите со премиерот на Португалија Луис Монтенегро.
– Нашиот тим ќе ме контактира, така се договоривме, и ќе ми ги изнесе резултатите од првиот блок на дијалогот, по што ќе одлучиме како да продолжиме, рече Зеленски.
Тој додаде дека во САД се наоѓаат и претставници на Русија и Европа, истакнувајќи дека ќе може да зборува за деталите од разговорите откако ќе го добие извештајот од Умеров.
Свет
Американски напад врз Сирија, загинаа припадници на Исламска држава
Најмалку пет припадници на Исламска држава загинаа во синоќешните американски напади врз цели на ИД во Сирија, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон.
– Помеѓу загинатите е и „водачот на ќелија“, задолжен за беспилотни летала. Тие се убиени во покраината Деир ез Зор, изјави претставникот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман.
САД синоќа соопштија дека погодиле повеќе од 70 цели во неколку области на Сирија. Според неименуван безбедносен извор нападите биле насочени кон ќелиите на ИД во покраините Хомс, Деир ез Зор и Рака.
Претседателот на САД, Доналд Трап на сопствената платформа „Трут соушл“ (Truth Social), откако Пентагон соопшти за операцијата против Исламска држава, објави – „Напаѓаме многу силно против бастионите на ИД“.
Американската армија изврши „масовен напад“ врз цели поврзани со ИД во Сирија, како одговор на смртоносниот напад врз американските сили. На 13 декември во пустинска област во централната сириска покраина Хомс загинаа двајца американски војници и еден цивилен преведувач. Вашингтон за нападот ја обвини џихадистичката група, но ИД не презеде одговорноста за нападот.
Целта на операцијата, според Вашингтон, е да се ослабат капацитетите на ИД за понатамошно дејствување и да се спречат напади врз американскиот персонал во Сирија. Во Сирија распоредени се околу 1.000 американски војници.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека операцијата „Хајкај страјк“ (Hawkeye Strike) е насочена кон елиминација на „борци, инфраструктура и локации со оружје“ на ИД. Тој посочи дека метите се избрани за да се погодат клучните ресурси на ИД, вклучително и оперативните капацитети и логистичка поддршка.
– Ова не е почеток на војна – ова е декларација за одмазда. Денеска ги гоневме и убивме нашите непријатели. Многу од нив. И ќе продолжиме да го правиме тоа, наведе Хегсет на социјалните мрежи.
Изминатите месеци Коалицијата предводена од САД против ИД изврши неколку воздушни напади и копнени операции во Сирија, насочени кон осомничени членови на терористичката организација. Во операциите беа вклучени и припадници на сириските безбедносни сили.

