Македонија
Денес сончево време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови следува период на променливо облачно и посвежо време. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд од над 25 литри на квадратен метар за кратко време, грмежи, силен ветер од над 70 километри на час и град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
За лекарски прегледи се чека и со месеци, а стотици термини останале празни оти граѓаните не дошле: „Ако не можат, нека откажат преку СМС“ – апелираат надлежните
Граѓаните кои не можат да го искористат закажаниот „Мој термин“ во јавното здравство, преку СМС порака да го откажат, за да им остават простор на пацинетите на кои им е потребен и да се намалат листите на чекање, порача денес заменик министерот за здравство Јовица Андовски.
Како пример посочи дека во Скопје за компјутерска томографија, од 4.070 закажани термини, 970 не се појавиле, ниту пак, известиле дека нема да можат да дојдат.
Заменик-министерот направи споредба со некои држави каде ако двапати ако се откаже терминот, следува парична казна или пак губење на можноста пациент да закаже редовен термин за одреден временски период. Сепак, Андоновски, не гледа засега на тоа како можно решение кај нас туку се надева дека преку ваквите апели ќе може да се поправи состојбата.
Македонија
Ахмети за Денот на албанската азбука: Мора да го браниме албанскиот јазик
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на сите Албанци им го честита 22 ноември, денот на Конгресот во Битола и азбуката на албанскиот јазик.
„За мене денеска е ден на албанскиот јазик, не само денот на азбуката на нашиот свет јазик и на конгресот во Битола. Мора да го негуваме и промовираме нашиот древен јазик, да се здружиме и да се ставиме во првите редови на напорите да го заштитиме од секојдневните напади. До вчера работевме на унапредување на употребата на нашиот јазик, а денес сме во позиција да го штитиме постигнатото. Националното прашање, јазикот, знамето, унијата и интеграцијата бараат посветеност од мажи и жени-идеалисти и мисионери“, рече Ахмети кој е во Швајцарија.
Македонија
Стоилковиќ го честита Денот на албанската азбука: Македонија е пример за заедништво, почит и заемно разбирање
Вицепремиерот и министер Стоилковиќ објави честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука.
„Овој ден е потсетник за богатството на различностите и за важноста на зачувувањето на јазичните и културните вредности на сите етнички етнички заедници кои живеат во земјава. Потсетник дека РС Македонија и понатаму, и покрај фактот што живееме во едно комплексно време, останува пример за заедништво, почитување и заемно разбирање меѓу граѓаните, па затоа чествувајќи го Денот на албанската азбука уште еднаш ја потврдуваме посветеноста кон негувањето на соживотот во мултиетничкото и мултијазичното општество.
Јазикот е моќна алатка и идентитет на еден народ. Тој е сеопштиот сврзен елемент на сите човечки култури. Алатка која обединува и овозможува напредок, но во исто време и потсетник дека и покрај разликите делиме иста судбина и мораме да градиме заедничка иднина. На сите припадници на албанската заедница им го честитам Денот на албанската азбука“, се вели во честитката.