Црна хроника
Со возило на авто-школа удрен, па натепан малолетник
Вчера во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор пред авто-школа на подрачјето на Бит Пазар, откако со возило бил удрен малолетник од Скопје, возачот од возилото физички го нападнал.
Потоа, според пријавеното, откако малолетникот се пожалил на неговата мајка Ѓ.Ј.(39) од Скопје, таа дошла и од службена просторија на авто школата била истуркана надвор и физички била нападната од истото лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Рачна бомба фрлена во двор на прилепчанец: оштетени две возила и прозорите од куќата
Вчера во 08.45 часот во ОВР Прилеп, Е.Б.(25) од с.Десово, општина Долнени, пријавил дека околу 03 часот во неговиот двор во селото била фрлена експлозивна направа.
Полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле увид и било констатирано дека била фрлена рачна бомба, од чија експлозија биле оштетени неколку прозорци од куќата и две патнички возила „фолксваген голф“ и „опел корса“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б..
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Возило во сопственост на МВР се судри со автомобил во Скопје, две лица полесно повредени
На булеварот Крсте Мисирков во Скопје вчера се случи сообраќајна незгода помеѓу возило во сопственост на МВР, и автомобил управуван од А.А.(46) од Скопје.
„Во незгодата со телесни повреди се здобиле А.А. и малолетен сопатник, констатирани во Градската општа болница“, извести МВР.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Автомобил удри во велосипедист од Струмица, тој е тешко повреден
Вчера на булеварот Ленинова во Струмица, автомобил „сеат кордоба“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Д.Г.(33) од селото Радичево, општина Василево, удрило во велосипед управуван од В.Е.(54) од селото Сачево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен е увид.