Спорт
Роналдо: Тен Хаг мора да внимава што зборува

Кристијано Роналдо не може заборави што му се случи во вториот мандат во Манчестер јунајтед, кога на некој начин беше избркан од клубот.
Португалецот наеднаш стана проблем за Јунајтед, откако го наруши односот со менаџерот Ерик Тен Хаг. По 18 месеци, за огромна плата реши да се пресели во Ал Наср.
Роналдо смета дека на Јунајтед му е пторебна темелна реконструкција, потоа удри по Тен Хаг.
„Манчестер јунајтед мора буквално да обнови сè. Тренерот вели дека не може да се бори за титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Тренер на Манчестер јунајтед не смее тоа јавно да го каже. Можеби немате потенцијал за тоа, но ментално, тренерот на Јунајтед мора да се обиде да се бори за се. Менталитетот на овој клуб мора да се подобри на сите нивоа“, рече Роналдо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

РЕ-Балканкан
Ѓоковиќ добил Златна виза, со семејството ќе живее во Атина

Грците со гордост објавуваат дека најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ќе се пресели во оваа земја со своето семејство и ќе започне ново поглавје во својот живот.
Грчката веб-страница „Glow.gr“ подготви голем текст за Новак Ѓоковиќ, објаснувајќи ја позадината на неговата одлука да ја направи Атина своја нова база.
„Неговата одлука не дојде туку така, туку е последица на неговата врска со Грција, која се зајакна со текот на годините.“
Заедно со неговата сопруга Јелена, тој ја посети Грција неколку пати, со семејни одмори на Крит и Миконос и направи поклонение на Света Гора, која има големо духовно значење за него. Од 2024 година започнаа неговите официјални контакти со грчката влада со цел да добие Златна виза. Семејството Ѓоковиќ бара идеален дом за своите деца, а акцентот е ставен на мирно, безбедно соседство кое е поврзано со природата.
Љубовта на Новак кон Грција не е ограничена само на културата и природата. Тој постојано нагласуваше дека бил трогнат од топлината на луѓето, рамнотежата помеѓу традицијата и модерноста, духовноста на православието и неговата поврзаност со монасите на Света Гора.
Постојат и практични причини: Атина е блиску до повеќето градови каде што се одржуваат турнирите, има одлична медицинска и образовна инфраструктура, а се развива и во деловен поглед.“
Во заклучокот на текстот се наведува дека Ѓоковиќ е една од највлијателните личности во светот на спортот.
Спорт
Лукас Нмеча е првото засилување на Лидс

Повратникот во Премиер лигата на Англија, Лидс го обезбеди потписот на германскиот напаѓач Лукас Нмеча, кој со тоа ќе стане првото засилување на клубот за следната сезона.
Нмеча се враќа во англискиот фудбал, бидејќи ја започна својата кариера во Манчестер сити, за кого одигра само два првенствени натпревари, а по бројните позајмици се пресели во Волфбург, каде што ги помина претходните четири сезони.
Нмеча е член на германската репрезентација, а во Лидс доаѓа како слободен играч.
Тој со клубот од Јоркшир потпиша две годишен договор.
Спорт
Полонара се бори со леукемија

Италијанскиот кошаркар Акиле Полонара е болен со леукемија, објави неговиот клуб Виртус од Болоња.
Пред две години, Полонара беше опериран за отстранување на тумор на тестисите од кој се опорави, но сега го очекува уште една животна битка.
Му беше дијагностицирана миелоидна леукемија, што значи малигна болест на коскената срцевина.
„Ајде Аки, со тебе сме, те чекаме“, е пораката на неговиот клуб, чие соопштение го преведуваме во целост.
„Виртус ја информира јавноста дека Акиле Полонара во текот на изминатите недели поминал на специјалистички медицински прегледи, по што му е поставена дијагноза миелоидна леукемија. Полонара моментално е хоспитализиран во болницата „Св. Орсоло Малпиги“ во Болоња, каде што започнал со специфични терапии. Целото семејство Виртус е со Акиле и неговите најблиски и му посакува брзо закрепнување. Ајде Аки, сите сме со тебе и те чекаме“, се наведува во соопштението за медиумите на клубот.