Свет
Во очекување на циклонот Борис: Европа се подготвува за најголемите поплави во последните децении
Централна Европа се подготвува за најтешките поплави во последните децении поради минувањето на циклонот Борис, кој се очекува овој викенд. Според чешките и полските метеоролози, во некои делови од нивните земји може да наврнат и до 400 литри дожд на квадратен метар во следните четири дена, а во Австрија и Словачка се очекуваат речиси 200 литри.
Културните настани закажани за викендов се откажани во тие четири земји поради предвиденото поминување на циклонот. Резервоарите за прием на вода, пред сѐ, во околината на браните, се испразнети за да може да се прими толкаво количество вода. Во Полска се објавени метеоролошки аларми за југот на земјата, пред сѐ, за градовите на Одра како Вроцлав и Ополе.
„Постои реален ризик од локални поплави в петок и в недела“, предупредија полските метеоролози.
Central Europe braces for worst floods in decades https://t.co/fUh49jhAnK pic.twitter.com/HFRbIpscO9
— CNA (@ChannelNewsAsia) September 12, 2024
Во Вроцлав, кој има 675.000 жители, Општината формира кризен штаб. Според чешкиот министер за животна средина, Петар Хладик, ситуацијата во земјата „може да биде слична на онаа од 1997 и 2002 година“.
Градовите во Моравија подигнаа бариери за поплави и подготвија вреќи со песок во пресрет на невремето, кое ќе биде придружено со ветрови до 100 километри на час. Откажани се десетици културни настани во регионот, вклучувајќи го и годишниот фестивал на виното, кој привлекува десетици илјади посетители.
Откажан е и Римскиот фестивал во Карнунтум, Австрија. Според австриската телевизија ОРФ, нивото на водата на Дунав би можело да се искачи на нивоа што не се забележани пет-десет години. Австрискиот канцелар изјави дека армијата е подготвена да распореди и до илјада војници доколку е потребно. Во состојба на готовност се и словачката армија и доброволните пожарникари.
Врнежите би можеле да бидат поголеми од оние што ја погодија централна Европа во 2013 година, кои тогаш се сметаа за најлоши во последните илјада години, предупредува словачката метеоролошка служба imeteo.sk. Со движењето на студениот бран низ Европа кон исток падна и првиот снег на словенечка Кредарица.
Невремето предизвика најмногу проблеми на словенечкото крајбрежје. Во словенечка Истра за само неколку часа наврна повеќе дожд отколку што обично паѓа во текот на целото лето, пренесуваат локалните медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе
Во голема операција против илегалната трговија со дрога италијанската полиција откри и конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 лица.
Во операцијата 655 лица се ставени под истрага, од кои 39 малолетни, а конфискувани се 35 килограми кокаин и повеќе од 40 парчиња огнено оружје.
Полицијата изврши контроли и во 312 продавници за канабис, при што привремено се затворени пет продавници во три града откако биле извршени 312 контроли. Конфискувани се 296 килограми производи од канабис.
Италија во јуни одобри безбедносен декрет со кој се забранува така наречениот „легален“ канабис и трговијата со „лесен канабис“ или коноп се прогласува за нелегална трговијата, кој, за разлика од марихуаната, нема психоактивни ефекти.
Свет
Во САД заврши првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација, соопшти Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во САД веќе е завршена првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација и оти очекува извештај од шефот на украинската делегација Рустем Умеров пред следната рунда преговори.
Зеленски го изјави тоа за време на заедничкото обраќање до медиумите со премиерот на Португалија Луис Монтенегро.
– Нашиот тим ќе ме контактира, така се договоривме, и ќе ми ги изнесе резултатите од првиот блок на дијалогот, по што ќе одлучиме како да продолжиме, рече Зеленски.
Тој додаде дека во САД се наоѓаат и претставници на Русија и Европа, истакнувајќи дека ќе може да зборува за деталите од разговорите откако ќе го добие извештајот од Умеров.
Свет
Американски напад врз Сирија, загинаа припадници на Исламска држава
Најмалку пет припадници на Исламска држава загинаа во синоќешните американски напади врз цели на ИД во Сирија, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон.
– Помеѓу загинатите е и „водачот на ќелија“, задолжен за беспилотни летала. Тие се убиени во покраината Деир ез Зор, изјави претставникот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман.
САД синоќа соопштија дека погодиле повеќе од 70 цели во неколку области на Сирија. Според неименуван безбедносен извор нападите биле насочени кон ќелиите на ИД во покраините Хомс, Деир ез Зор и Рака.
Претседателот на САД, Доналд Трап на сопствената платформа „Трут соушл“ (Truth Social), откако Пентагон соопшти за операцијата против Исламска држава, објави – „Напаѓаме многу силно против бастионите на ИД“.
Американската армија изврши „масовен напад“ врз цели поврзани со ИД во Сирија, како одговор на смртоносниот напад врз американските сили. На 13 декември во пустинска област во централната сириска покраина Хомс загинаа двајца американски војници и еден цивилен преведувач. Вашингтон за нападот ја обвини џихадистичката група, но ИД не презеде одговорноста за нападот.
Целта на операцијата, според Вашингтон, е да се ослабат капацитетите на ИД за понатамошно дејствување и да се спречат напади врз американскиот персонал во Сирија. Во Сирија распоредени се околу 1.000 американски војници.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека операцијата „Хајкај страјк“ (Hawkeye Strike) е насочена кон елиминација на „борци, инфраструктура и локации со оружје“ на ИД. Тој посочи дека метите се избрани за да се погодат клучните ресурси на ИД, вклучително и оперативните капацитети и логистичка поддршка.
– Ова не е почеток на војна – ова е декларација за одмазда. Денеска ги гоневме и убивме нашите непријатели. Многу од нив. И ќе продолжиме да го правиме тоа, наведе Хегсет на социјалните мрежи.
Изминатите месеци Коалицијата предводена од САД против ИД изврши неколку воздушни напади и копнени операции во Сирија, насочени кон осомничени членови на терористичката организација. Во операциите беа вклучени и припадници на сириските безбедносни сили.

