Црна хроника
Автомобил се судри со мотор управуван од малолетник во Неготино
Во полициската станица во Неготино било пријавено дека дошло до сообраќајна несреќа по полноќ, на крстосницата од улицата „Индустриска“ и локалниот пат за селото Курија.
Во несреќата учествувале автомобил „шевролет“ управуван од Д.В.(34) од селото Возарци, кавадаречко и мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник од селото Виничани, општина Градско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот, кој истотака е малолетник од селото Виничани, додека со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот.
Извршен бил увид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од Гази Баба пријавила насилен напад од сопругот, му се заканувал и на син ѝ
Во полицијата е пријавено дека 47-годишна жена била физички нападната во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба.
Според пријавата, на 8 октомври 2025 година нејзиниот сопруг А.С. употребил тврди предмети при нападот, а потоа упатувал закани со остар предмет кон неа и кон нејзиниот син.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен гостиварец, возел со брзина од 174 километри на час
Полицијата уапси гостиварец кој возел со 174 километри на час, на автопатот Гостивар – Тетово.
Вчера во 15:45 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.А. (35) од Гостивар.
При контрола на сообраќајот со радар, утврдено е дека тој управувал „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час во населено место, каде што максималната дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час.
Црна хроника
Пронајдени пет мигранти од Египет кај Гевгелија, уапсено едно лице
Полицијата уапси едно лице за криумчарење мигранти кај Гевгелија каде биле пронајдени пет лица од Египет.
Вчера во 20:30 часот на место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода Р.Р.(28) од с.Копаница, скопско.
При преглед во возилото „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет.
Мигрантите се спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, против Р.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

