Црна хроника
40-годишна жена и малолетник повредени кога возило излета од патот Штип – Радовиш
Вчера во 11.15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Радовиш, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(54) од Струмица, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.Т.(40) од Струмица, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Струмица, констатирани во Медицински центар Штип.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведени двајца криумчари, пронајдени се пет лица мигранти
На 30.11.2025 околу 20:00 часот во атар на село Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 15 години од Кочани.
Претходно, на автопатот од наплатна рампа Романовце кон Граничен премин Табановце, полициски службеници дале знак за запирање на возило „фолксваген пасат“ со делчевски регистарски ознаки, во кое се превезувале малолетниците, но возилото продолжило со движење. Набргу, во атар на село Речица, на стар пат за фарма на свињи, возилото запрело, а малолетниците побегнале.
Во возилото се пронајдени пет лица мигранти, од кои три од Мароко и по еден од Алжир и Судан. По преземени мерки, пронајдени и лишени од слобода се и малолетниците.
Мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Полицијата уапси 44-годишен охриѓанец, кој тешко повредил сограѓанин
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Партизанска“ во Охрид, полицијата го приведе А.Ф. (44) од овој град. Според пријавеното, тој во куќа во Охрид физички го нападнал С.М. (34), при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ловечка пушка и куршуми пронајдени кај маж од Кочани: поднесена кривична пријава
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против К.Е.(32) од Кочани.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 04.03.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени ловечка пушка ТОЗ-66 со кал.12 и куршум со калибар 7.62мм, кои неовластено ги чувал и поседувал во својот дом.

