Скопје
Трајановски: Три првородени бебиња значи дека ќе имаме бериќетна година
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Mинистерот за здравство, Никола Тодоров во петок на Клиниката за гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар ги посетија првите бебиња што се родија во Скопје во Новата 2016 година.
Првите бебиња во 2016 година се родени во 00:01 минута по полноќ. Едното е машко бебе и се вика Наум, тешко е 3 килограми и 700 грама, а долго 52 сантиметри, од мајката Јована Андоновска Буриловска, на која ова и е трето дете.
Другите две бебиња се близнаци, машко и женско, од мајката Александра Андонова, на која ова и се први деца. Женското бебе се вика Хана, тешко е 2 килограми и 290 грама, а долго е 47 сантиметри, а машкото бебе се вика Христијан и е тешко 2 килограми и 250 грама, а долго е 48 сантиметри.
„Со задоволство им честитам на мајките и на семејствата на новороденчињата и им посакувам среќни новогодишни и божиќни празници, а на бебињата им посакувам многу здравје. Трите првородени бебиња значат дека ќе имаме бериќетна година. Во новата 2016 година посакувам да имаме повеќе новороденчиња отколку во 2015 година“, изјави Градоначалникот Трајановски.
Градот Скопје традиционално на првородените бебиња во новата година им подари три штедни книшки со по 20.000 денари и други пригодни подароци
Градоначалникот Трајановски ја искористи приликата да им ја честита Новата 2016 година на своите сограѓани и да им пожели добро здравје, среќа, љубов и успех ./крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

