Свет
(Видео) Кан под вода, улиците како реки
Силно невреме предизвика поплави и значителна материјална штета во францускиот град Кан, но нема повредени.
Обилните врнежи предизвикаа поројни поплави, а водата влезе во подруми, гаражи и продавници, а затворени се и сите училишта во градот, јавува БФМТВ.
Градоначалникот на Кан, Дејвид Линар, изјави дека нема предупредување ниту од префектурата ниту од националните метеоролошки служби, кои не го предвидоа вчерашното невреме.
In France, the streets of Cannes turned into rivers this morning following torrential rain 🌊👀pic.twitter.com/iQ7cZ4B9Qw
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 23, 2024
Тој објави на „Фејсбук“ дека службите на градот Кан добиле предупредување од државата еден час по невремето.
Линар потврди дека многу бргу е формиран кризен штаб и дека итните служби ја санирале штетата на терен, пренесе „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Жесток напад на Бејрут
ИДФ потврди дека штотуку извршила насочен воздушен напад врз Бејрут.
The Israel Defense Force has announced that a Targeted Strike, likely on a Senior Hezbollah Leader, was carried out against Beirut. pic.twitter.com/Rrz79C4iNQ
— OSINTdefender (@sentdefender) September 24, 2024
Либанското Министерство за здравство потврди дека од понеделникот во израелските напади загинале 558 луѓе. Според министерот за здравство, Фирас Абијад, меѓу жртвите има и 50 деца.
Во најновиот извештај за последиците од израелските напади во понеделникот, либанскиот министер за здравство, Фирас Абијад, рече дека 1.835 лица се повредени во нападите. Тој додаде дека медицинскиот персонал работел „над нивните можности за да се грижи за сите пациенти“.
Свет
Либанското Министерство за здравство: 558 загинати, меѓу кои 50 деца
Либанското Министерство за здравство потврди дека од понеделникот во израелските напади загинале 558 луѓе. Меѓу жртвите, според министерот за здравство, Фирас Абиад, има 50 деца.
Понеделникот беше најсмртоносниот ден во Либан од крајот на граѓанската војна во 1990 година, што дополнително го нагласи разорното влијание на сегашното насилство во регионот.
Нападите предизвикаа широкораспространето уништување, бројот на жртви продолжува да расте, а многу цивили се погодени.
Свет
Жена во стомакот прошверцувала 850 грама кокаин: фатена на аеродром во Јоханесбург
Една жена е обвинета за шверц на дрога кога рендгенските снимки откриле десетици капсули во нејзиниот стомак за кои полицијата верува дека се полни со кокаин, пренесува „Скај њуз“.
Кога полицијата добила дојава дека жена се обидува да прошверцува дрога на лет од Сао Пауло, 30-годишната патничка од Намибија била запрена и уапсена на меѓународниот аеродром во Јоханесбург.
Таа е десеттото лице што е уапсено на аеродромот во изминатите два месеца под сомнение за шверц на дрога, соопштија полициски претставници, додавајќи дека минатата недела е уапсен Нигериец, кој се соочува со слични обвиненија.