Свет
Поради интензивирање на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, денеска откажани над 30 лета во Бејрут
Поради интензивирање на конфликтот меѓу Израел и либанското движење Хезболах, денеска беа откажани повеќе од 30 летови за и од Бејрут.
Веб-страницата на меѓународниот аеродром Рафик Харири во Бејрут објави дека 15 појдовни и 29 влезни летови биле откажани од различни авиокомпании, вклучително и Катар ервејс и авиокомпании од Обединетите Арапски Емирати и Турција, пренесува Ројтерс.
Германската авиокомпанија Луфтханза ги прекина летовите за Бејрут до 26 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Жесток напад на Бејрут
ИДФ потврди дека штотуку извршила „насочен воздушен напад“ врз Бејрут.
The Israel Defense Force has announced that a Targeted Strike, likely on a Senior Hezbollah Leader, was carried out against Beirut. pic.twitter.com/Rrz79C4iNQ
— OSINTdefender (@sentdefender) September 24, 2024
Либанското Министерство за здравство потврди дека од понеделникот во израелските напади загинале 558 луѓе. Според министерот за здравство Фирас Абиад, меѓу жртвите има и 50 деца.
Во најновиот извештај за последиците од израелските напади во понеделникот, либанскиот министер за здравство Фирас Абијад рече дека 1.835 лица се повредени во нападите. Тој додаде дека медицинскиот персонал работел „над нивните можности за да се грижи за сите пациенти“.
Свет
Либанското Министерство за здравство: 558 загинати, меѓу кои 50 деца
Либанското Министерство за здравство потврди дека од понеделникот во израелските напади загинале 558 луѓе. Меѓу жртвите, според министерот за здравство Фирас Абиад, има 50 деца.
Понеделник беше најсмртоносниот ден во Либан од крајот на граѓанската војна во 1990 година, што дополнително го нагласи разорното влијание на сегашното насилство во регионот.
Нападите предизвикаа широко распространето уништување, бројот на жртви продолжува да расте, а многу цивили се погодени.
Свет
Жена во стомакот прошверцувала 850 грама кокаин: фатена на аеродром во Јоханесбург
Една жена е обвинета за шверц на дрога откако рендгенските снимки откриле десетици капсули во нејзиниот стомак за кои полицијата верува дека се полни со кокаин, пренесува Sky News.
Откако полицијата добила дојава дека жена се обидува да прошверцува дрога на лет од Сао Паоло, 30-годишната патничка од Намибија била запрена и уапсена на меѓународниот аеродром во Јоханесбург.
Таа е десеттото лице кое е уапсено на аеродромот во изминатите два месеци под сомнение за шверц на дрога, соопштија полициски претставници, додавајќи дека минатата недела е уапсен Нигериец кој се соочува со слични обвиненија.