Свет
Саливан: Бајден е решен да постигне примирје и договор за заложниците во Газа

Американскиот претседател Џозеф Бајден е решен да постигне прекин на огнот во Газа и договор за заложниците со Хамас, а во исто време се обидува да ги деескалира тензиите на границата на Израел со Либан, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
„Тој, апсолутно, не се откажа“, рече Саливан во интервју за MSNBC неколку часа пред Бајден да се обрати пред Генералното собрание на ОН последен пат како претседател на САД.
Бајден ќе работи со светските лидери собрани во Њујорк за да се постигне договор за прекин на огнот и заложниците во Газа за да се спречи сеопфатна војна на Блискиот Исток, рече Саливан, пренесе „Ројтерс“.
Тој призна дека има предизвици во постигнувањето на конечната цел кога станува збор за израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, и лидерот на Хамас, Јахја Синвара, но додаде дека Хамас и Синвар особено не сакаат да постигнат договор.
„Но, ние сме решени да продолжиме со тоа“, рече Саливан.
Според него, конфликтот со Хезболах на северната граница на Израел се спремапе, растеше и стагнира од 7 октомври и сега расте.
„Но, ние го спречивме тоа во тие претходни скокови и верувам дека сè уште можеме да најдеме начин да постигнеме деескалација меѓу Израел и Либан и да донесеме дипломатско решение, што ќе им овозможи на луѓето да се вратат во своите домови“, рече Саливан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Затворската казна за Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал

Затворската казна изречена на поранешниот француски претседател Никола Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал, додека лидерката на крајната десница Марин Ле Пен се подготвува да се обиде да ја поништи пресудата за проневера и да се кандидира за претседател во 2027 година, објави Ројтерс.
Парискиот суд ја шокираше политичката сцена во четвртокот кога на Саркози му изрече казна затвор од пет години затвор за криминален заговор во врска со обидот за собирање средства за кампања во Либија, објави агенцијата.
Саркози ќе биде и првиот претседател на Франција по Втората светска војна, кој ќе биде затворен.
Свет
Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања, како што се економијата и оружјето, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател беше во САД оваа недела, каде учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој рече дека споделил со Трамп „одредена визија за тоа што може да се направи“ како одговор на руските дејствија. Зеленски вети дека ќе возврати доколку Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина.
Свет
Најголемата воена база во Данска ја надлетуваат неидентификувани беспилотни летала

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.
– Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција.
Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што привремено беше затворен воздушниот простор на Данска.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен претходните инциденти со нарушувањето на воздушниот простор ги поврза со наводни руски активности со дронови низ Европа, но не понуди докази. Москва ги негираше обвинувањата.