Македонија
„Вреди“: Сведоштвото на Ангелов го демаскира лажниот патриотизам на ДУИ И СДСМ
Како бомба одекна вчерашното сведоштво на Стојанче Ангелов кој директно посочи дека Али Ахмети лично и персонално изразил подготвеност да прифати усвојување само на Законот за бранители, додека бил во владина коалиција со СДСМ, истакнуваат од коалицијата.
„Јасно е дека Недемократската унија за дезинтеграција (ДУИ) и делегитимираниот СДСМ, кои очајнички се обидуваат да ја спасат својата кожа од кривична одговорност, не избираат средства во своите манипулации. Во седумгодишното владеење, граѓаните станаа сведоци на масовна корупција, а наместо да го прифатат својот дебакл и да го стават прстот на чело, тие се обидуваат да ја замајуваат јавноста со предлогот за “законот за бранителите”.
Делегитимираниот СДСМ, кој некогаш се залагаше за концептот “Едно општество за сите”, сега, врз грбот на Албанците се обидува да заработи ниски политички поени. Нивната стратегија на манипулација и популизам ги доведува до точка на безизлез, каде што граѓаните, независно од нивната националност, ќе ја отстранат трајно од политичката мапа. Но ВЛЕН има јасна порака и за ДУИ: кога стануваш “Али Ахмети на Соравија”, завршува “Али Ахмети на УЧК”, велат од Вреди.
Јавно го прозиваат како што нагласуваат “Али Ахмети на Соравија”: Дали е точно сведоштвото на Стојанче Ангелов дека пред сите тогашни коалициони партнери си се согласил да ги затвориш очите да помине Законот за бранители, обидувајќи се да ја спасиш коалицијата и Владата на Димитар Ковачевски? Законот за бранителите е очигледен обид на побратимите по мака ДУИ и СДСМ да го одвлечат вниманието од корупцијата и скандалите што ги следea нивните политики.
Коалицијата ВЛЕН, додават од таму е решена да се бори за транспарентност, одговорност и вистински интереси на граѓаните. Ќе продолжиме, велат од „Вреди“ да стоиме цврсто против манипулативните политики, обезбедувајќи посветла иднина за сите граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест, а максималната ќе достигне од седум до 11 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 10 степени.
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има утре кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.
Македонија
Променливо облачно со повремен дожд: снег на планините и заладување во недела
Утре времето ќе биде променливо облачно, со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а максималните од 7 до 11 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, кога дождот ќе преминува во снег и во дел од пониските места.

