Црна хроника
Пронајден починат маж во Драчево
Вчера во 08.25 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 08.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево, бил пронајден починат Д.С.(56) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец со нож ја нападнал својата братучетка, кршел и ги нападнал соседите
Вчера во 18 часот во СВР Скопје, 20 – годишна жена од Скопје пријавила дека околу 09.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот братучед Б.А.(22) и се заканил со остар предмет, оштетил дел од покуќнината и се обидел да го нападне нејзиниот сопруг, а потоа во дворот физички ја нападнал неа, како и соседите Ѓ.И.(41), А.Д.(48) и А.М.(63).
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Приведен скопјанец, со нож им се заканувал на полицајци во комплексот клиники
Во 02.50 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.Ѓ.(38) од Скопје затоа што со остар предмет се заканувал на полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Црна хроника
Пронајдена граната во кичевската населба „Ивандол“
Вчера во 23.00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во кичевската населба „Иванидол“ била пронајдена граната.
Од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување, гранатата денеска била безбедно подигната и предадена за натамошна постапка.