Македонија
Водата во Гостивар неисправна за пиење, најдена е ешерихија коли
Од ЕЛС – Гостивар известуваат дека со најновите микробиолошки анализи водата од јавниот водовод моментно не е безбедна за пиење. Микробиолошките тестови открија присуство на калиформни бактери и ешерихија коли, кои може да преставуват сериозни здравстени ризици.
Од таму советуваат да се избегнува употреба на вода од јавната водоводна мрежа, да се користи пакувана вода за пиење и готвење.
„Следете ги информаците за состојбата додека работиме на решавање на проблемот и обезбедување на безбедно водоснабдување“. ЈKП „Комуналец“ – Гостивар во врска со неисправната вода за пиење во ЕЛС – Гостивар ќе почне со интервенција по 7 часот утрово“, дополнуваат од ЕЛС – Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Цветановска: Бараме да се поништи одлуката за изменување и дополнување на програмата за урбанистичко планирање на Општина Карпош
СДС, Стевчo Јакимовски и советници од листата на Левица ги интересира само бетонизација на Карпош и повеќе не се грижат ниту за закони, ниту за постапки, ги интересираат само криминал и пари, истакна Благица Цветановска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
-На вчерашната седница на Советот на Општина Карпош Јакимовски и СДС се обидоа, спротивно на сите законски норми и процедури, да протнат точка, Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање за 2024 година. Оваа програма, воопшто не е донесена ниту пак е објавена во Службен гласник на Општина Карпош, за сега истата да се менува и дополнува. Оваа програма Јакимовски, СДС и Левица неколку пати се обидуваа да ја поминат насилно во Советот на Карпош, но во тоа не успеаја благодарејќи на активностите на нашата советничка група, изјави Цветановска.
-Зошто го прават ова вака со програмата по секоја цена? Бидејќи ако нема програма, нема простор за нивните криминални ДУП-ови и нема исполнети барања и нарачки од градежната мафија. Ваквото работење е спротивно на законите во Македонија, против сите процедури и постапки, за што денеска поднесовме претставка до Инспекторатот за локална самоуправа, каде бараме веднаш да интервенира и да ги поништи овие одлуки, нагласи на пресконференцијата, Благица Цветановска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Воедно, бараме јавното обвинителство и сите останати институции, веднаш да отворат предмети за кршење на законските процедури, како и за злоупотреба на службена положба и овластување и да постапат. ВМРО-ДПМНЕ е вистински партнер на жителите на Карпош и ќе ги искористиме сите средства кои ни се на располагање да го спречиме урбаното дивеење на Јакимовски, СДС и поранешната Левица во Карпош, истакна во изјавата Цветановска.
Скопје
Прва фаза од асфалтирањето на улиците „9“ и „532“ во општина Илинден
Општина Илинден интензивно работи на реконструкцијата на улиците „9“ и “532“ во Марино, пришто денеска се изврши првата фаза од поставувањето на асфалт. Во оваа прва фаза асфалтирани се околу 380 метри.
Во рамки на градежните работи се врши целосна реконструкција на улицата во должина од околу 820 метри и широчина 6 метри, реконстукција на тротоар во должина од 450 метри како и зафаќање на атмосферските води од коловозот. Улица е од големо значење бидејќи претставува главна сообраќајница во општината што ги поврзува сите населни места. За време на реализација на градежните работи на улицата е воспоставен времен режим на сообраќај, кој го спроведува фирмата изведувач на активностите на терен Филип инжинеринг Дооел Скопје.
„Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура се со цел да им се овозможи подобри и поквалитетни услови за живеење“, велат од Општина Илинден.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Освен што СДСМ оди полека но сигурно кон заборав, не се срами тој пат да продолжи да и е исполнет со лаги и манипулации
Денес е тешко да се СДС, од една страна Орбан ги попари нивните лаги дека наводно парите од Унгарија биле кинески, второ, се откри дека само СДС и ДУИ се радуваат од раздвојувањето на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ,
„СДС доживеа пораз на отворена меѓународна сцена. Оваа партија освен што оди полека но сигурно кон заборав, не се срами тој пат да продолжи да и е исполнет со лаги и манипулации кои денеска излегоа на површина и директно беа демантирани. И наместо да покажат ронка доблест и да се извинат на јавноста, тие продолжуваат по патот зацртан 2017-та година на лаги, измами и неморално однесување, патот кој на Филипче му го одреди неговиот духовен водач, Зоран Заев. Срамот и бламот на СДС кој денес стана очигледен дури и за оние шест посто преостанати нивни поддржувачи, е само проблем не само за нив туку и за цела држава, затоа што ефектите и последиците од тоа нивно срамно, корумпирано однесување на ниво на гејша која не и мисли добро на државата, сега кулминираат оставајќи ја државата и народот во една крајно сериозна ситуција“, посочуваат од партијата.
Како што додаваат, ВМРО-ДПМНЕ има сериозен и сеопфатен план и ќе постапува согласно националните и државни интереси и нема да дозволи нови потценувања,
„Од понижувањата кои СДС и ДУИ ги приредија на народот и државата веќе на сите им е доста и видовме до сега што направија и во каков безизлез не одведоа“.