Македонија
СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија
Денешната средба меѓу Мицкоски и Орбан не носи ништо ново ниту надежно за македонските граѓани. Оваа посета Мицкоски требаше да ја искористи и јавно да го праша Орбан, зошто амбасадорот на Унгарија, инаку земја претседавач на ЕУ, гласал за одвојување на Македонија и Албанија, велат од СДСМ.
„Ова требаше да го праша Мицкоски. Зошто македонските граѓани, во неговото претседавање се доведени во ситуација да бидат последни во редот за приклучување во ЕУ? Ако тоа воопшто некогаш се случи. Мицкоски требаше да го праша Орбан зошто не помогна, како стратешки партнер, во периодот кога договарале кредити од сомнително, кинеско потекло, да се промени преговарачката рамка, како што ветуваше Мицкоски“, посочуваат од партијата и додаваат:
„Мицкоски и Орбан не понудија ништо за граѓаните, освен што одлучија да ги задолжат за нови 500 милиони евра и да ја закопаат европската перспектива на државата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за движење на одредена категорија моторни возила на патот А3, Ресен – Охрид
Од АМСМ информираат дека во одреден временски период од денот на патот Ресен – Охрид ќе има забрана за движење на одреден вид на возила.
Имено во времето од 17:15ч. на магистралниот пат А3, Ресен – Охрид, ќе има забрана за движење на одредена категорија моторни возила, односно влекачи со полуприколка и ТМВ со приклучни возила, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Македонија
Средба Гаши-Орбан: искажана благодарност за заемот од Унгарија кој е нова енергија за нашата економија
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на Владата на Република Унгарија, Виктор Орбан, кој престојува во посета на земјава.
На средбата присуствуваа и претседателката на Пратеничката група за соработка на Собранието на РСМ со Парламентот на Унгарија, Ели Панова и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.
Претседателот на Собранието притоа ја подвлече постојаната поддршка на Унгарија на евроинтеграривниот пат на земјава, која несомнено е резултат на односите кои ги негуваат нашите држави од воспоставувањето на дипломатските односи во 1994 година.
Гаши го информираше Орбан за формирањето на Групата за соработка со Унгарија на почетокот на мандатот и упати покана до претседателот на унгарскиот Парламент да ја посети земјава, нагласувајќи дека соработката меѓу двата парламента треба да се продлабочува и развива на сите нивоа, преку претседателски возвратни посети, групите за соработка, пратеници и службеници. Претседателот Гаши искажа благодарност за заемот од Унгарија кој несомнено претставува нова енергија за нашата економија.
Орбан се заблагодари за срдечниот пречек и отворените разговори со претставниците на државата. Нагласи дека средбите и меѓупарламентарната
соработка е особено важна за односите меѓу двете држави и дека секогаш се залага и поддржува комуникација и соработка во сите сфери на општеството, особено меѓу законодавните домови. Унгарија останува посветен и отворен поддржувач на нашето членство во Европската Унија и високо ја цени улогата на Северна Македонија во сферата на заштитата на границите на Унијата, превенцијата од нелегална миграција кон ЕУ и затоа инвестира и ресурси и финансии и во земјава. Соговорниците се согласија дека и соработката во НАТО ќе продолжи и ќе се унапредува во насока на враќање и одржување на мирот во Европа и во светот
Македонија
Меџити-Тигањ: Хрватска дава несебична поддршка на нашата држава во евроинтегративните процеси
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска оствари средба со амбасадорката на Хрватска во Скопје, Нивес Тигањ.
Меџити искажа благодарност за поддршката што Хрватска несебично ѝ ја дава на нашата држава во евроинтегративните процеси, истакнувајќи дека Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата се залагаат за исполнување на реформската агенда за пристапување кон Европската Унија и тоа е цврсто детерминирано во владините политики и закони, а во насока на фаворизирање на растот, инвестициите и вработувањето.
На средбата се истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање имплементира многу проекти поддржувани од ЕУ преку ИПА програмата, меѓу кои и големи инфраструктурни проекти, како и национални стратегии за кои е потребна здрава економија и дека во последниве години е постигнат значителен напредок во областа и покрај тоа што сеуште останува најдминување на многу предизвици.
Амбасадорката Тигањ му го честита назначувањето на Меџити на функцијата прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање и ја потврди подотвеноста да ѝ помогне на нашата држава со размена на искуства во програмските приоритети за остварување на соработката во рамки на Инструментот за предпристапна помош ИПА и во приближувањето и имплементацијата на националното законодавство во областа на животната средина со она на ЕУ.
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање истакна дека постои стабилна коалиција и дека е посветен на промена на концептот на владеење кој што не треба да биде само симболика.
Двете страни се согласија дека заеднички интерс е обновувањето на Договорот за соработка меѓу двете држави потпишан во 2002 година.