Контакт

Македонија

Тренчевска: Владата на Мицкоски го враќа времето на сиромаштија и понижување на работниците, СДСМ не може да остане нем сведок на оваа ситуација

Објавено пред

Катастрофални се економските политики на новата влада предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.  По само 100 дена власт, резултатите се очигледни – пад на просечната плата, нема поголема минималната плата, има раст на цените и целосна деградација на работниците. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата е намалена за 1.000 денари. Ова е прв пат после седум години постојан раст платите да се намалуваат, вели пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска.

dobivaj vesti na viber

„Овој пад значи помалку пари во џебот на секој граѓанин, помалку можности за пристоен живот, и уште потежок удар врз стандардот. СДСМ се бореше и обезбеди постојано зголемување на платите, дури и за време на најголемата економска и здравствена криза. Во 2015 година, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата беше 20.853 денари. Во времето на СДСМ, таа достигна над 41.000 денари, што покажува континуирана посветеност кон подобрување на животниот стандард. Но, што гледаме денес? Наместо раст, гледаме пад на платите. Нема покачување ниту на минималната плата која требаше да биде 450 евра“, посочува Тренчевска.

Како што вели таа, работниците, кои со години беа заштитени од нашите мерки за покачување на платите, денес се чувствуваат изиграни и разочарани од владата на Мицкоски по само 100 дена.

„Мерките кои ги предлага владата се задоцнети и неефективни. Замрзнувањето на маржите на само 73 производи не донесе никакво олеснување за граѓаните. Додека цените на основните производи продолжуваат да растат, владата на Мицкоски не успева да преземе конкретни чекори за да ги заштити граѓаните од поскапувањето. Ова не е влада што се грижи за граѓаните. Ова е влада која се обидува да ги замајува со 100 изговори. Работниците кои се надеваа на зголемување на платите се длабоко разочарани. Наместо тоа, политиката на евтина работна сила се враќа. Владата на Мицкоски го враќа времето на сиромаштија и понижување на работниците. СДСМ не може да остане нем сведок на оваа ситуација. Ќе се бориме за вистински економски мерки кои ќе го заштитат секое семејство и ќе го гарантира достоинството на работниците“, завршува Тренчевска.

Македонија

Во наредните денови претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд

Објавено пред

Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, ќе биде претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.

Прикажи повеќе...

Македонија

Скандалот со 9 милиони евра e само капка во криминалниот океан на Мицкоски и ДПМНЕ, велат од СДСМ

Објавено пред

Скандалот со доделените тендери од 9 милиони евра на фирма основана пред една година, со двајца вработени е само капка во криминалниот океан што го создадоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Криминалната власт има изградено систем во кој парите на граѓаните системски се крадат, преку наместени тендери на фирми блиски до власта.

Тоа е моделот на Груевски кој јавноста го слушна во бомибите а Мицкоски само го спроведува истиот систем на неговиот ментор и учител.

A на виделина излезе и друга поврзаност, вториот вработен во фирмата е човек поврзан со УБК на Мијалков и со уништувањето на опремата за масовно прислушување.

И токму такво лице денеска, под власта на Мицкоски, повторно се појавува во сред скандал“.

Исти методи, исти шеми, исти луѓе, додаваат од СДСМ, милионски тендери со единствена цел, богатење на партијата и поединци од врхушката на власта.

Крадењето, додаваат од опозициската партија мора да запре.

„За новите бомби инситуциите мора да делуваат и да преземат мерки согласно законо“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче – Костреш: продлабочување на соработката меѓу двете партии и во регионот

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оствари средба со Бојан Костреш, претседател на Лигата на социјалдемократите од Војводина, Република Србија.

dobivaj vesti na viber

На состанокот се разговараше за продлабочување на односите и зајакнување на соработката меѓу двете партии, но и за проширување на регионалната соработка со социјал-демократските и прогресивните политички субјекти.

„Двете партии ја истакнаа заедничката посветеност на три клучни приоритети: интеграцијата на земјите во Европската унија, решителната борба против корупцијата и криминалот и заедничката борба против национализмот, како предуслов за стабилност и развој на целиот регион“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...

Македонија6 часа

Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена

Камерите поставени на сообраќајниците во Скопје од денеска ќе снимаат, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од...

Македонија6 часа

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта,...

Македонија7 часа

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на Стража на автопатот Гостивар – Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8, на релацијата Скопје –...

Македонија7 часа

Синдикатот на вработените на клиниките против реорганизацијата – прераспределбата на кадри може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центрите, клиничките болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) предупредува дека предложената внатрешна...

Свет8 часа

Врховниот адмирал на НАТО: Размислуваме за поагресивен пристап против Русија

НАТО размислува за заземање поагресивен став како одговор на руските кибер-напади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор, изјави највисокиот воен...

Свет8 часа

Хакирани 120.000 камери во домови и гинеколошки ординации во Јужна Кореја, снимки со експлицитна содржина продавани на интернет

Четири лица се уапсени во Јужна Кореја за наводно хакирање повеќе од 120.000 видеокамери во домови и бизниси и користење...

Свет8 часа

ЕУ го предупредува Трамп: Путин мора да одговара за воените злосторства

Висок функционер на Европската Унија предупреди дека мировниот план на Доналд Трамп за Украина не смее да го ослободи Владимир...

Свет9 часа

Трамп: Украина има сериозни проблеми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за...

Македонија1 ден

Родителите прават штета кога инсистираат нивните деца да добиваат петки без соодветно знаење, вели Јаневска

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој...

Македонија1 ден

Убиени оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави...

Македонија1 ден

Поплавени дворови, подруми и ниви во Општината Чешиново – Облешево, не се чистеле каналите

Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и  житни...

Македонија2 дена

Марш на ангелите“ во Кочани: До кога ќе се одложува правдата и вистината за „Пулс“

Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од...

Македонија2 дена

Анализите покажаа дека нема тешки метали во водата што ја пиеле затруените деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо...

Македонија2 дена

Поголем дел од Скопје утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе...

Македонија2 дена

Бесплатни уролошки прегледи денес во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина

По повод Месецот на машкото здравје – Мовембер, во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември”...

Свет2 дена

Еден загинат и 11 повредени во руски напад со дронови врз Киев, меѓу нив и дете

Најмалку едно лице загина синоќа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Киев, соопштија градските власти. Градоначалникот...

Свет2 дена

Преговорите со САД за мировниот план за прекин на конфликтот со Русија ќе почнат наскоро, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на преговорите со Соединетите Американски Држави за мировниот план за прекин на конфликтот со...

Свет2 дена

Во притвор се сите осомничени за грабежот во Лувр во Париз вреден 88 милиони евра

Четворицата наводни главни извршители на кражбата на скапоцености во Лувр во Париз сега се зад решетки, соопшти вчера јавниот обвинител...

Европа3 дена

ЕУ ѝ постави ултиматум на Украина

Киев мора да преземе решителни мерки за гонење на корумпирани политичари и бизнисмени ако Украина сака да се приклучи на...