Македонија
„Филипче и по цена на животот на граѓаните не се откажуваше од тендерите, така во модуларната во Тетово изгореа 14 граѓани“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Актуелниот претседател на СДС, Венко Филипче за време на неговото министерување освен грижа за местење тендери немаше ништо за граѓаните, никакви подобрување на здравството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и првиот човек на компанијата Брако, Кочо Анѓушев ги игнорираа ни помалку ни повеќе обвинувањата и укажувањата дека се виновни за пожарот во тетовската модуларна болница каде живи изгореа 14 луѓе.
Филипче не одговори за начинот на кој е спроведен контроверзниот тендерот или не одговори зошто е спроведуван за набавка на парчиња, а не цел објект со што биле заобиколени протоколите за безбедност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мисајловски за враќањето на воениот рок: Лично мислам дека е добро секој млад човек да помине во армијата, но засега како Влада тоа не го дискутираме
Министерот за одбрана Владо Мисајловски одговарајќи на прашањето за враќање на воениот рок истакна дека мора да се разгледаат сите аспекти.
Пред да влеземе во оваа идеја, треба да има една широка дискусија, рече тој.
„Но, засега како Влада тоа не го дискутираме. Ако ме прашувате лично мене, јас мислам дека е добро секој млад човек да помине во армијата“, додаде Мисајловски.
Според него треба да се гледаат реалните состојби во Македонија.
„МНогу касарни биле дадени на општините, дел од имотот исто така е даден. Треба да се разгледаат сите безбедносни предизвици, посебна анализа да дојде од сите безбедносни структури, посебно од Генералштабот па потоа да се размислува на вакво прашање. Пред да влеземе во ваква идеја треба да ги разгледаме сите можности, предизвици со кои би се соочиле и потоа да дискутираме за тоа. Но лично мене ако ме прашате, се разбира дека е убаво и за младиот дух и за секој еден човек, бидејќи на тој начин се идентификуваат и како постабилна личност. Тоа е одлично за размислување но во овој момент тоа не го разгледуваме“, истакна Мисајловски од армискиот полигон Криволак, каде заедно со премиерот Христијам Мицкоски и амбасадорката на Соединетите Држави Анцела Агелер присуствуваа на денешната методско-показна вежба.
Македонија
(Видео) Николовски: За 100 дена Влада, нула мерки и закочени субвенции
За 100 дена, Владата на Христијан Мицкоски и коалицијата, не презентираше ниту една конкретна мерка за поддршка на земјоделството. За 100 дена видовме само тотална безидејност, непрофесионалност и незаинтересираност за секторот. Ресорниот министер е претворен во партиски мегафон. Се занимава со реваншизам кон вработените и секојднево пласира лаги за да ја задскире својата неспособност, истакна Љупчо Николовски, пратеник на СДСМ.
Мицкоски, додава тој, се фали со исплатени заостанати долгови, повисоки субвенции и откупни цени, но очигледно е неинформиран за фактичкита состојба.
„Закочена ви е исплатата на субвенциите. Ресорниот министер лаже дека има 1 милијарда денари заостанати долгови. Но, да повторам, СДСМ остави чиста сметка, со нула долгови. Тоа што треба да се досиплати за што и обезбедија пари со ребалансот, се субвенциите за тековната програма, за 2023 година. Зошто и по два месеци од ребалансот, се уште земјоделците немаат субвенции?
Јас ќе бев среќен ако во 2017 година затекнав состојба на нула денари долг, но наместо тоа, тогаш СДСМ за 100 дена ги расчисти и долговите на ВМРО ДПМНЕ од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
100 дена ВМРО ДПМНЕ не објави ниту еден јавен повик за ниту една мерка од ниту една програма. Но, нивната безидејност оди до таму, што укинуваат мерки кои се во интерс на земјоделците, како што е авансната исплата на субвенциите. Во 2023 година, Владата на СДСМ, воведе предвремена аванска исплата на субвенциите, за која актулната власт најави укинување на овој модел.
Тоа што го знае ВМРО ДПМНЕ е да се фали со туѓи перја.Ги критикуваа огласите и повиците за доделување земјоделско земјиште но денес ги склучуваат договорите, ги критикуваа ИПАРД програмите, но денес се фалат со први договори склучени за ИПАРД 3, но без при тоа да погледнат на интернет дека уште во март заедно со делегацијата на ЕУ сме ги склучиле првите договори на ИПАРД 3 како земја којашто е лидер, ја критикуваа мерката за зелена нафта денес, но делат картички“, вели Николовски.
Според Николовски Владата за 100 дена дозволила да има рекорден број на пожари во кои изгореа 9 % од вкупната површина под шума или изгоре повеќе шума од сите 12 години претходно заедно.
„Грижата за земјоделците не е само за избори. СДСМ за 100 дена донесе мерки колку што вие веројатно нема да успееет за цел мандат. За прв пат воведовме нов модел и ги зголемивме субвенциите на турунопроизводителите по класи и за прв пат ја зголемивме премијата од 60 на 80 денари, 300% повисоки субвенции за ориз, зелена нафта, враќање на персонален данок, 20.000 евра за млади земјоделци, успешно започна ИПАРД 2, се решија неисплатените долгови кон лизарите и друго. Ова се конкретни мерки и грижа за земјоделците, и тоа само за 100 дена мандат.
Земјоделството е еден од двигателите на македонската економија и СДСМ нема да дозволи земјоделците да бидат оставени на цедило и ќе ги искористиме сите механизми како опозиција во нивни интереси. За успешна земјоделска политика потребна е конкретна стратегија и мерки, а не празни зборови“, кажа Николовски.
Македонија
За еден осуденик државата плаќа над 10 илјади евра годишно или 2.100 денари дневно, вели Пандов
Македонските затвори се преполни, вкупно има 2400 затвореници , а уште приближно толку треба да влезат во затворите алармираше утринава директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов.
„Еден затвореник државата ја чини 10 илјади евра годишно или 2100 денари дневно, мора да се растеретат казнено поправните установи“, рече Пандов.
Според него има неколку начини да се растеретат казнено поправните установи а тоа е преку условен прекин на казната, електричен надзор и подобра ресоцијализација на затворениците затоа што 60 проценти се повратници.
Паднов, меѓудругото, посочи дека ќе имаме и целосно ново притворско одделение за 400 лица во Идризово.
-Ние ќе имаме супер нов притвор во самиот затвор Идризово, и главен – централен притвор во Македонија би бил во Идризово со над 400 кревети капацитет и би имале современ затворен дел кај што се најтешките казни каде што лежат затворениците над 10-15 години, односно и доживотно, имаме ние 50 доживотни казни во Македонија и се надевам дека до крајот на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ дека Идризово ќе биде веќе тоа се изградено и дека ќе биде сето тоа ставено во функција, изјави Пандов.
Во земјава моментално околу 50 лица издржуваат доживотни казни.