Топ
Загина 15-годишно момче на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка

Вчера околу 21:40 чсаот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во населбата Карпош се случила сообраќајна несреќа со трагичен крај. Малолетник загина додека негов врсник се здобил со тешки телесни повреди. Во несреќата учествувало возило „бмв” со албански национални ознаки и мотоцикл ,,јамаха”.
„Вчера околу 21.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово – Крива Паланка, во населба Карпош – Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од И.Б.(37) од Скопје и мотоцикл „јамаха“ управувано од малолетник од Куманово. Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал 15 – годишен сопатник на мотоциклот од Куманово, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 16-годишниот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово, информираше полицијата.
Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, возачот на патничкото возилот бил лишен од слобода, а возилото и мотоциклот биле предадени на вонреден технички преглед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во пожарот во „Винчини“ повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката

Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, изјави градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков. Тој посочува дека овие информации ги има добиени од ЈЗУ Здравствен дом Виница, а повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката.
-Според информациите од Здравствен дом Виница помош побарале 16 лица, дел од повредените се пренесени во Здравствен дом во Кочани, додека оние коишто имаат вдишано чад се пренесени во Клинички центар во Скопје. Здравствената состојба им е добра, вели Петков.
Посочува дека пожарот во магацините на фарбиката Макпрогрес е локализиран, а опожарени се три погони и магацин на површина од околу 5.000 метри квадратни.
Градоначалникот на Општина Виница Петков вели дека во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари и доброволци од Виница, Кочани, Штип, Македонска Каменица, Кавадарци, Струмица, Делчево, Пробиштип, Свети Николе, Радовиш и од Велес.
Свет
Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина. Тој, во своето редовно вечерно обраќање до нацијата, додаде дека ова претставува надминување на целта што ја поставил пред два месеца.
– За време на војната, Украина стигна до тоа речиси 60 проценти од оружјето што е во рацете на нашите војници да биде украинско производство, рече Зеленски во видеообраќањето.
– И тоа се моќни оружја, со низа модернизации, нагласи тој.
Зеленски и други украински претставници со месеци го истакнуваат напредокот во домашното производство на оружје како клучен фактор за идната одбрана на земјата.
Во обраќањето тој се осврна и на заедничкиот проект за производство на оружје со Данска. Во јули, Зеленски го повика новото владино раководство да обезбеди најмалку 50 проценти од оружјето за армијата да се произведува во Украина.
Тогаш тој наведе дека украинското производство обезбедува околу половина од оружјето на армијата – највисоко ниво од прогласувањето на независноста на земјата во 1991 година.
Македонија
Подметнат е големиот пожар кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак

Пожарот кој синоќа околу 23 часот избувна кај селото Косово Дабје во Општина Делчево, е целосно изгаснат и ставен под контрола, информираше утринава градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.
Во гаснењето на пожарот беа вклучени повеќе луѓе, меѓу кои и Територијалните противпожарни единици од Делчево и Македонска Каменица, Шумското стопанство, Гранична полиција, МВР и други.
Според еден од пожарникарите кој учествуваше во гаснењето на огнената стихија, делчевчани особено треба да бидат горди, бидејќи голем број граѓани-доброволци се вклучиле во гаснењето на пожарот, заедно со институциите кои биле на терен.
-Од оваа вечер треба да бидеме особено горди како делчевчани. Јас, како вработен во Единицата со факултетско образование од областа на безбедноста, од правилната реакција констатиравме со мојот колега Сашо Мановски и полицијата дека пожарот е подметнат на две одделни места. Јавно сакам да им се заблагодарам на сите учесници во гаснењето на пожарот во Косово-Дабје, на огромната пожртвуваност и борбата на сите институции, како и на големиот број доброволци, меѓу кои и ендуро-тимот од нашиот град, младите луѓе, Шумското стопанство, полицијата, ТППЕ Делчево, ТППЕ Македонска Каменица, Делчево365.мк, и другите општествено одговорни фирми, кои спречија голема катастрофа за нашиот град. Постоеше голема опасност да изгори нашата прекрасна планина Голак. Секоја чест за сите борци, истакна Јонче Атанасовски, пожарникар кој учествуваше во гаснењето на пожарот.
Пожарот кај Косово Дабје избувна непосредно по завршувањето на концертот што исто така синоќа во Делчево се одржа на летната сцена, како дел од одбележувањето на Денот на ослободувањето на Делчево, 7 септември.