Македонија
Лефков: Владата на СДС и ДУИ работела незаконски и криминално, Љупчо дон Николовски го партизирал Министерството, ова го кажува и Државниот завод за ревизија
Владата на СДС и ДУИ во целост работела незаконски и криминално. Ова не го кажува само ВМРО-ДПМНЕ ова го кажува и Државниот завод за ревизија, и тоа во извештај изготвен во време на СДС и ДУИ, а по кој ЈО не постапило, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Извештајот од Ревизијата на ДЗР за МЗШВ изразува сомнеж за вистинитоста и објективноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива.
Имено според Извештајот на ДЗР постои неусогласеност на потребните вработувања во Планот за вработување и ангажираните лица, како и недостиг на стручен кадар од областите во делокруг на Министерството.
Ова е показател дека Љупчо Дон Николовски го партизирал министерството, и наместо преку конкурс да се бираат најстручните кадри и од струките од кои има потреба министерството, е вршена тешка партизација и полнење на МЗШВ со партиски послушници“, вели Лефков.
МЗШВ како министерство кое треба да извршува стручни анализи, да креира политики и носи мерки од областа на земјоделството, производство на храна, грижа за водите и шумите, очигледно, додава пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, најмалку имало стручни лица од овие области.
Според него се поставува прашањето што правело ЈО по однос на овој Извештај, особено ако се земе предвид дека истиот е изготвен и доставен до Владата уште во 2023 година.
„Зошто една цела година ЈО молчи и не постапува? До кога молк?
Исто времено мора да напоменеме дека неспособноста завршува со СДС. Ние работиме 100% одговорно за твојата иднина“, подвлече Лефков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утврдени неправилности на Зимзоленд: Град Скопје нема дадено дозвола
Инспектори од Град Скопје денеска биле на локацијата каде што се одржува Зимзоленд и утврдиле низа неправилности. Како што соопшти градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, утврдено е дека Градот Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност.
„По пријави од граѓани, постапивме и на Зимзоленд. Инспекторатот беше на локацијата и утврди дека градот Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност. Констатирани се повеќе неправилности, особено во однос на вршење дејност надвор од објект“, вели Ѓорѓиевски.
Дополнително, додава тој, за реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е градежниот инспектор од општината да постапи согласно законските регулативи.
„Градот Скопје и јас како градоначалник ќе продолжиме бескомпромисно да се бориме против секоја неправилност, секој обид за узурпација и секој хаос кој го загрозува јавниот простор“, вели Ѓорѓиевски.
Инспекторите денеска, освен на Зимзоленд, биле и на „Пластичарска“ .
„Се воспоставува ред на „Пластичарска“, се постапува и на Зимзоленд. Денес градот Скопје, заедно со Инспекторатот и во координација со ДПИ и МВР, спроведе широка акција со единствена цел, да се врати редот и достоинството на јавниот простор на целата територија на градот. Изречени се повеќе од 20 казни“, објави Ѓорѓиевски и додаде дека вработените од ЈП „Градски паркинг“ ги отстранувале неправилно паркираните возила долж улицата „Пластичарска“.
Македонија
Утре сончево време со температура до 15 степени
Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Утре без вода за пиење делови од општина Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради змена на вентил во шахт Ф 2“1/2“ (два и пол цола) на улица Натанаил Кучевишки бб. градинката 11-ти Октомври со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Натанаил Кучевишки, Краишка и Хо Ши Мин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување на работните активности.(општина Бутел )

