Црна хроника
Прегазена жена во Скопје, возачот избегал, таа со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 85-годишната А.З. од Скопје.
Според пријавеното, околу 12.00 часот на сервисна улица која се поврзува со булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје била удрена од патничко возило, по што возачот го напуштил местото, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетници претепани додека чекале автобус во скопски Аеродром
Ноќеска во 21.50 часот во СВР Скопје, В.М.(46) од с.Дељадровци, скопско и Л.Д.(41) од нас. Илинден, скопско, пријавиле дека околу 12.35 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нивните два малолетни сина биле физички нападнати од неколку други малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, известија од полицијата.
Црна хроника
Во парк во Сарај пронајден повреден 20-годишен маж: бил нападнат со остар предмет
Вчера во 18.08 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека во парк во с.Сарај, скопско, со повреди од остар предмет бил пронајден З.Ш.(20) од с.Крушопек, скопско.
Лицето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, а според неговата изјава, околу 16.30 часот во парк во Сарај едно лице го нападнало со остар предмет и му ги нанело повредите.
Полицијата извести дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Штип: Маж ги претепал синот и сопругата и им се заканувал со нож
Вчера во 18.25 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.Ч.(59) од Штип.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом тој физички ги нападнал неговата 53 – годишна сопруга и нивниот 35 – годишен син и им се заканувал со остар предмет.
Надлежните соопштија дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.