Црна хроника
Приведен крадец во Гостиварско, следува пријава
Вчера во 17.20 часот во гостиварското село Вруток, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода Ф.И.(34) од с.Вруток поради постоење основи на сомнение дека на 07.08.2024 одзел пари од касата во продажниот објект каде што работел.
Тој бил задржан во полициска станица и од него биле одземени предмети поврзани со делото.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР: Труење е веројатната причина за смртта на мајката и ќерката од Слатино
Министерството за внатрешни работи заедно со Основното јавно обвинителство Тетово преземаат мерки и активности за расчистување на настанот во тетовското село Слатино, каде што вчера беа пронајдени починати мајка и дете.
Првичните сознанија од наредената обдукција упатуваат на труење како веројатна причина за смрт на лицата, па од починатите се земени примероци за дополнителни токсиколошки анализи со цел да се утврди причината за труењето.
Кај починатите не се пронајдени други траги на насилство.
Исто така, по наредба на јавен обвинител, ќе бидат земени примероци од крв и урина и од другите членови на семејството – татко и уште едно дете, со цел да се провери евентуално присуство на токсини и кај нив. Се преземаат и други мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Човечки остатоци пронајдени во Тетовско, се претпоставува дека се од исчезната жена
Во полицискиото одделение во Теарце вчера околу пладне било пријавено дека на место викано „Караџица“, атар на село Јелошник, биле пронајдени човечки коски.
– Увидна екипа на СВР Тетово и јавен обвинител извршиле увид, при што било констатирано дека најверојатно се работи за О.Д.(81) која имала здравствени проблеми, а за која на 11.08.2024 година во Полициското одделение Теарце нејзината ќерка Т.Г. пријавила дека се оддалечила од домот и според описот во пријавата се совпаѓа облеката и предметите пронајдени кај телото. По наредба на обвинителот деловите од телото биле предадени на обдукција, информираа од СВР Тетово.
По пријавувањето на исчезнувањето на Олгица на 11 август, семејството побара помош за нејзино наоѓање и преку социјалните мрежи и медиумите.
Црна хроника
Пронајдени мигранти во Гевгелија, приведен шверцер
На 07.10.2024 во 08.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Д.Ј.(27) од Гевгелија.
При преглед во возилото „ауди“ без регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти (две од Сирија и 10 од Ирак). Претходно, околу 07.30 часот на локалниот пат Стојаково – Богданци, полициските службеници ги забележале мигрантите како влегуваат во возилото „ауди“, со кое било и возило „бмв“, а кои веднаш потоа го напуштиле местото. По преземени мерки и активности, прво било најдено возилото „ауди“ со мигрантите, а околу 17.00 часот во Богданци било пронајдено и возилото „бмв“.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а за настанот бил известен и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.