Спорт
(Видео) Никогаш поемотивен Ѓоковиќ за пензионирањето на Надал: „Шок – дел од мене замина со него“

Новак Ѓоковиќ ги продолжи победите на Мастерсот во Шангај.
Четвртиот светски рекет имаше многу работа, но на крајот го совлада 19-годишниот Чех Јакуб Меншик со 6:7 (4), 6:1, 6:4.
Новак на теренот остана 140 минути, а по мечот беше прашан уште еднаш да ја прокоментира одлуката на Рафаел Надал да се пензионира.
“A big part of me left with them” 🥹
Novak Djokovic on Nadal’s retirement announcement @DjokerNole #RolexShanghaiMasters pic.twitter.com/Y5UtOThfg8
— Tennis TV (@TennisTV) October 11, 2024
„Оставив објава на Инстаграм, мислев на секој збор што го напишав. Тој е мојот најголем ривал, тоа имаше најголемо влијание врз мене и мојата кариера. Знаевме дека тој момент ќе дојде наскоро, порано или подоцна, но повторно, тоа е шок. Истот како и со Роџер и Енди, тоа е шок. Не знам што да мислам за тоа, голем дел од мене отиде со него. Лоши вести за светот на тенисот, тој беше инспирација за милиони деца ширум светот. Мора да биде горд на својата кариера“, изјави Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер во сабота во полуфиналето ќе игра по десетти пат против Американецот Тејлор Фриц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Драма до последен миг: Пелистер славеше над Вардар со 32-30

Големата битка за титулата во плеј-офот заврши со триумф на Пелистер, кој славеше со 32-30 против Вардар во неизвесен и драматичен натпревар. Битолчани ја освоија својата деветта титула и трета по ред, предводени од Кузмановски со седум гола, додека Борозан од Вардар реализираше осум, но промаши клучен пенал во финишот.
Вардар имаше водство со пет гола разлика во првиот дел. Сепак, Пелистер се врати во игра и на полувреме резултатот беше 17-15 за Вардар. Во второто полувреме, двете екипи разменуваа голови, а драмата кулминираше во последните минути, кога Вардар имаше шанса за израмнување, но промаши пенал. Пелистер ја искористи грешката и го потврди триумфот.
Спорт
Гоф ја „сврти“ Сабаленка за титулата на Ролан Гарос

Американската тенисерка Коко Гоф го освои Ролан Гарос, победувајќи ја Арина Сабаленкa во финалето.
Гоф ја освои втората Гренд слем титула во кариерата по пресврт – 6:7 (5), 6:2, 6:4.
Таа го имаше своето деби на Отвореното првенство на САД во 2023 година, кога го доби финалето над Белорусинката. Тој сега има скор од 6 победи и 5 порази.
Гоф играше и во финалето на Ролан Гарос во 2022 година, но тогаш немаше шанси против Ига Швионтек, четирикратната шампионка.
Спорт
Марк Маркез ја освои пол позицијата во Арагон

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на спринт трката што се одржа во рамките на Големата награда на Арагон, осмата рунда од овогодинешното првенство на Мото ГП.
Осумкратниот светски шампион ја постигна својата седма победа во спринтот оваа сезона на патеката Арагон, а се врати на највисокото скалило на победничкиот подиум откако беше престигнат од неговиот помлад брат Алекс пред две недели во Силверстоун.
Алекс беше главниот конкурент на постариот Маркез во Арагон, но нивната борба не траеше долго и возачот на Гресини мораше да се задоволи со второто место, околу две секунди зад својот брат. На третото скалило на подиумот беше Фермин Алдегер, соиграч на помладиот Маркез, кој беше околу две секунди понапред.
Акцијата на патеката „Моторленд“ продолжува во недела од 11 часот, а трката во кралската класа е на програмата од 14 часот.