Црна хроника
Заталкан куршум оштети покрив и таван од стан во Гази Баба, полицијата го расчистува случајот

Вчера во 22.20 часот во СВР Скопје, 44-годишниот А.Г. од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот, од заталкано зрно од огнено оружје бил оштетен кровот и таванот од дневната соба од неговиот стан на подрачјето на Гази Баба, извести МВР.
Извршен бил увид и се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец со автомобил удрил во бетонски ѕид и билборд, тешко повреден малолетник

Вчера околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(32) од Скопје, удрило во рекламно пано и бетонски ѕид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, додека со телесни повреди се здобиле возачот, уште еден малолетен сопатник и сопатникот С.С.(25), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот А.К. бил лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Уапсен 24-годишник од Тетовско: возел со 162 км/час на место каде е дозволено 80 км/час

Вчера во 17.43 часот на автопат Тетово – Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 24-годишниот В.М. од село Пирок, тетовско.
При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека В.М. управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 162 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Лицето е пиведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управувањена моторно возило“.
Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.