Црна хроника
(Видео) Дрога и оружје најдени за време на претрес во Липково, приведени две лица
Дрога и оружје биле најдени за време на птрес на полицијата во Липково.
Како што соопшти МВР, по претресот приведени се Н.А.(34) и А.М.(37), двајцата од селото Никуштак.
„При претрес во нивните домови и други простории, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Црвена Застава“ со 28 куршуми калибар 7,62 мм, еден автоматски пиштол „Шкорпион“, едно пакување со марихуана и едно патничко возило „мерцедес“ без регистарски ознаки“, соопшти МВР.
Лицата биле приведени во полициска станица и против нив е поднесена соодветна кривична пријава. Од судија на претходна постапка на А.М. му е одредена мерка притвор, додека на Н.А. му е одредена мерка претпазливост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена тепана и вознемирувана од поранешниот партнер
Вчера во 12.34 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријавила дека од јули 2024 до пријавувањето, нејзиното поранешно момче Б.Д. често ја следело, вознемирувало, ѝ се јавувало телефонски и ѝ упатувало закани и во неколку наврати наврати физички ја нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Мртов најден 75-годишен скопјанец, на телото немало видливи траги на насилство
Во СВР Скопје вчера околу 11:00 часот било пријавено дека во својот дом на подрачјето на Центар било пронајден починат Б.Ц.(75) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Мотор удри во авромобил во Прилеп, сопатничката е тешко повредена
Вчера во полицијата во Прилеп било пријавено дека на улицата Орде Чопела во градот, мотоцикл „хонда” со прилепски регистарски ознаки, управуван од З.Ѓ.(25) од с.Долнени, прилепско, удрил во заден дел на патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(40) од Скопје.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила Б.Д.(33) од с.Чепигово, сопатничка на мотоциклот, а возачот на мотоциклот З.Ѓ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.