Свет
(Видео) Луксузната јахта на саудискиот принц удри во пристаништето во Тунис: му припаѓаше на Трамп, користена е во филм за Бонд
Луксузната јахта Kingdom 5-KP, која некогаш му припаѓаше на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, сега е во сопственост на принцот на Саудиска Арабија, Ал Валид бин Талал, доживеа несреќа.
Имено, јахтата удрила во пристаништето во Тунис.
Објавени се фотографии од јахтата вредна 91 милион долари, која му припаѓала на Трамп и била користена за снимање филм за Џејмс Бонд.
Несреќата се случила минатиот петок во пристаништето во градот Бизерте во Тунис.
https://t.co/gtJmGJQpKO pic.twitter.com/sA9b707qeX
— SuperYachtFan (@Superyachtfan) October 14, 2024
„Јахтата не успеа да застане навреме и се заби во пристаништето. Удри во лакот иако капетанот го фрли сидрото за да ја намали брзината“, рече случаен минувач, кој бил сведок на ситуацијата.
Јахтата првично била во сопственост на султанот од Брунеи, кој му ја продал на Доналд Трамп во 1988 година кога го добила името „Принцезата Трамп“.
Во 1983 година јахтата се појави во филмот за Џејмс Бонд.
Може да прими 22 луѓе и 31 член на екипажот. Има 11 големи соби, пет палуби, базен, кино, фризерски салон и комплетен санитарен јазол вклучувајќи и операциона маса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Трамп на митингот во Пенсилванија: „Ајде да слушаме музика, нели е убаво“
Градското собрание во Пенсилванија во понеделникот се претвори во 30-минутна музичка сцена, каде што танцуваше Доналд Трамп.
Настанот предизвика нови исмејувачки коментари од потпретседателката Камала Харис бидејќи таа го нападна Трамп како „слаб и нестабилен“ во нејзината кампања, пренесуваат американските медиуми.
Две екипи за итни случаи во толпата го прекинаа настанот за што Трамп ја обвини жештината, а модераторот на настанот, гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем, се пошегува дека местото не може да си дозволи климатизација „во оваа економска клима“.
Трамп повика да се свири „Аве Марија“ за време на двата прекина, но поранешниот претседател зборуваше само накратко откако на друго лице му беше укажана итна медицинска помош.
„Да не поставуваме повеќе прашања. Ајде само да слушаме музика. Да направиме музички фестивал. Кој по ѓаволите сака да слуша прашања, нели? Зарем тоа не е убаво?“, рече Трамп.
Трамп потоа застана на сцената нишајќи се на музиката, ка публиката не знаеше дали настанот е завршен или не, пренесе АП.
Поранешниот претседател остана на сцената и праша: „Никој не си оди, што се случува?“
Официјалниот профил на кампањата на Камала Харис на социјалните мрежи сподели видео од поранешниот претседател како полека танцува на музиката на сцената.
„Скитникот изгледа изгубено, збунето и замрзнато на сцената додека неколку песни траат повеќе од 30 минути, а публиката рано заминува од местото на средбата“, се вели во коментарот.
Самата Харис ја сподели објавата додавајќи: „Се надевам дека му оди добро“.
Во последователната обкава кампањата го исмева Трамп истакнувајќи дека тој им рекол на своите поддржувачи „да излезат и да гласаат на 5 јануари“ и „зборувале за Ханибал Лектор, канибалистички сериски убиец, кој не е реален“.
Националната прес-секретарка на Трамп, Каролин Ливит, сподели клип од него како танцува со натпис:
„Диџеј Трамп“!
Портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг, напиша на „Твитер“:
„Нешто многу специјално се случува во Пенсилванија токму сега во градското собрание на Трамп“ додавајќи: „Фестивал на тотална љубов во градското собрание на ПС. Сите беа толку возбудени што се онесвестија, па Доналд Трамп се сврте кон музиката“.
Свет
Шефот на турската дипломатија: Кризата во Газа ја покажа пристрасноста на меѓународниот систем
Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, денеска го критикува меѓународниот правен систем наведувајќи дека израелската војна во Газа ја покажала својата пристрасност и хиерархиска природа.
„Она што се случува во Газа е жив доказ за фактот дека меѓународниот систем е создаден за да се користи и злоупотребува од привилегирано малцинство“, рече Фидан на конференцијата за глобална дипломатија и иднината на Палестина во Анкара, пренесе „Ал џезира“.
Тој додаде дека се покажало оти меѓународната заедница, почнувајќи од муслиманскиот и арапскиот свет, е бескорисна, немоќна и безнадежна да ја спречи оваа трагедија која трае, пренесува „Танјуг“.
Фидан повика на итна акција предупредувајќи дека доколку не се најде решение, војната во Газа ќе ескалира во поголема регионална и глобална криза.
Свет
Мелони: Рим дава пример со испраќањето мигранти во трети земји за да ги процесираат барањата за азил
Италија дава пример за другите европски земји со тоа што испраќа мигранти во трети земји за да ги процесираат нивните барања за азил, изјави денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони. Мелони пред Сенатот на италијанскиот парламент рече дека испраќањето мигранти во двата мигрантски центри изградени од Италија во Албанија претставува, како што рече, „нов, храбар, невиден начин, но кој совршено го одразува европскиот дух“.
Првата група мигранти, составена од 10 државјани на Бангладеш и шест Египќани, беше спасена во морето во близина на Либија во неделата, а в среда треба да пристигне во Албанија. Мигрантите во Албанија се превезуваат со бродот на морнарицата „Либра“. Центрите за мигранти во Шенѓин и Ѓадер на северот на Албанија почнаа да функционираат минатата недела, пренесуваат локални медиуми.
Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Пјантедози, во саботата изјави дека првите мигранти ќе пристигнат оваа недела во двата мигрантски центри, што Италија ги изгради на територијата на Албанија.
Пјантедози им рече на новинарите дека нема да има свечено отворање на центрите за мигранти, наведувајќи дека центрите во Албанија ќе бидат слични на оние во Италија со режими на „мек притвор“. Нема бодликава жица, има здравство“, посочи Пјантедози.
Според него, сите мигранти може да поднесат барање за меѓународна заштита во овие центри и може да ја добијат во рок од неколку дена. Мигрантите што беа спасени од меѓународните води и кои се обидуваат да стигнат до Италија со бродови и чамци ќе бидат сместени во два мигрантски центри во Албанија.
Според најавите, во овие центри нема да има жени, деца или ранливи групи. Едниот центар е во Шенѓин на северот на Албанија, а другиот е во блискиот Ѓадер, на местото на поранешната воена база.
Со центрите целосно ќе управува италијанската влада, која платила за нивната изградба. Повеќе од милион мигранти стигнале до Италија по море во изминатите 12 години, пренесува „Танјуг“.