Црна хроника
Претрес во Штип, пронајдена дрога, приведен дилер
Синоќа во 23.35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.С.(41) од Штип.
При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен суд Штип, биле пронајдени и одземени повеќе различни пакувања со марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана, пари и таблети.
За настанот бил известен јавен обвинител и лицето било задржано во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, отсекот за недозволена трговија до дрога при СВР Штип против него ќе поднесе соодветна пријава, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возило се превртело и се запалило во сообраќајна несреќа на булеварот Гоце Делчев во Скопје: повредени четири лица
Синоќа околу 20.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“, на кракот со ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(57) од с.Трубарево, скопско и патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.М.(21) од Скопје.
Во несреќата возилото „шкода” се превртело и се запалило а со тешки телесни повреди се здобил М.А.(35) од Скопје, сопатник во возилото „шкода“, додека возачот З.Ѓ. и А.Р(36) и Л.Н.(45) од Скопје, исто така, сопатници во возилото „шкода“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Кoмплексот клники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Фатен бегалец од затвор осуден на затворска казна од 13 години
Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и полициски службеници од ПС Драчево во 18:30 часот на ул. “Иван Хаџиниколов” во Скопје го лишија од слобода Д.Ј. (43) од Скопје, баран со потерница поради бегство од затвор, а осуден на казна затвор во траење од 13 години и еден месец поради сторени кривични дела по чл.237, чл.215 и чл.236 од КЗ на РСМ.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
Црна хроника
Тетовец крадел струја: на бандера поставил механичко броило
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.М.(49) од с.Бозовце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
На 04.07.2024, вработени во ЕВН-Тетово извршиле контрола на електрични броила на ул.„Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, при што било констатирано дека пријавениот на бандера пред куќа поставил механичко броило без одобрение на ЕВН со што користел електрична енергија без контрола и мерење на потрошена електрична енергија.