Македонија
Муцунски го нагласи интересот за подобрување на економската соработка и трговската размена со Финска
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари прва средба со амбасадорот на Финска со седиште во Белград, Никлас Линдквист.
Министерот Муцунски изрази задоволство што над 30 години, двете земји градат партнерски односи и активен политички дијалог, споделувајќи заеднички стратешки интереси за траен мир, стабилност и просперитет. Воедно, тој упати благодарност за доследната и принципиелна поддршка на Финска за македонската интеграција во ЕУ и финската стратешка визија за европската иднина на земјите од Западен Балкан.
Министерот Муцунски го нагласи интересот за подобрување на економската соработка и трговската размена со Финска, како и за продлабочување на соработката во други области од интерес на двете страни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Митева: На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети
Во рамки на винската визија Владата организира македонска вечер на која ќе бидат презентирани најдобрите храна, вина и пијалоци. Ќе има можност да се претстават над 300 мали, средни и големи винарии, да се ужива во македонските специјалитети, а вечерта да виде збогатена со македонските виртуози Андријана Јаневска и Наум Петревски, најави владината портпаролка Марија Митева.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, според најавеното ќе има свое обраќање пред присутните, каде покрај претставниците на македонската дипломатија ќе бидат присутни високи претставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата, но и многу гости од регионот.
Она што е најважно, како што истакнува Митева е што овие настани во минатото беа организирани и ја чинеа државата 400 илјади евра.
„Оваа година Владата успеа со сопствени ресурси на најдостоинствен начин да го презентира најдоброто од Македонија“, потенцира таа.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Додека ДУИ беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата, уште еден пример, за манипулација со верски и етнички чувства
Правењето на фама околу Јени Џамија е еден од класичните примери за тоа како ДУИ тоне во сопственото политичко мочуриште и си поигрува со верските чувства на граѓаните, притоа ставајќи етнички предзнак на работите отворено манипулирајќи со оваа тема, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова, како што велат е уште еден пример како ДУИ злоупотребува верски и етнички чувства лажејќи и поигрувајќи си со вака сензитивни теми, за да го отргне вниманието за сопствениот лоповлук.
„Иако вистината е дека ниту на ДУИ му е вистински гајле за Јени Џамија, ниту пак имаат некакво национално или верско чуство и толеранција.
Првите археолошки истражувања и ископувања на споменикот на културата Јени џамија започнале во 2003 година. Ова е период кога меѓудругото и ДУИ е на власт. Тогаш во внатрешноста на Јени џамија се откриени темелите на средновековната катедрална црка „Св. Ѓорги”. Во 2011 година Врховен суд донел одлука Јени Џамија да биде во владение на РМ, а и се доделува на користење на НУ Завод и музеј – Битола.
Министерството за култура и туризам од 2013 година до 2024 за завршување на овој значаен проект има издвоено 477.000 евра или 20.331.978 денари. Од 2011 година до пред 5 месеци ДУИ беше на власт 13 години и 13 години на ДУИ не му сметаше што Јени Џамија е објект е споменик на културата, и истиот се користел како галерија. Цели 13 години тој не било проблем за ДУИ што бил истражуван и кроистен за различни поставки“, појаснуваат од партијата на власт.
И за да иронијата биде поголема, акко што нагласуваат, за отворањето на музејот од страна на ИВЗ поточно муфтијата на реверс биле отстапени две свети исламски книги – Курани, кои што моментално се изложени во музејстата поставка во објектот во кои е презентирано културното наследство на двете религии.
Апелираат јавноста да не подлегнува на артановските игри и бледи лудории на ДУИ и злкоупотребата на вака сензитивни прашања за кои ДУИ е разоткриен и редовно си дава автоголови.
Македонија
Силниот ветер предизвика штети во Штип: оштетен покрив на училиште, паднати дрвја на повеќе локации
Силен ветар оштети дел од покрив на средното електро-машинско училиште во Штип, а дрво падна и во непосредна близина на градинка. Нема поредени лица, а надлежните служби се на терен.
Според информациите, интервенирано е во остранување на голем број паднати дрвја во градот и неговата околина, меѓу кои кај градските горбишта, градинката „Вера Цирвири-Трена“, Кланицата, Средното училиште „Коле Нехтенин“, улицата Широк Дол.
Од Центарот за управување со кризи информираа дека кај сите интервенции е учествувано со три пожарникари и едно противпожарно возило.
Известена е и дежурната служба на ЕВН за ризични електрични столбови, исфрлање искри од жици, како последица од силниот ветер, на територијата на градовите Штип и Кочани, како и во селата Облешево и Истибања.